Гасот во Европа поевтини до најниско ниво од почетокот на војната во Украина

176

Природниот гас во Европа продолжува да паѓа на најниско ниво од почетокот на руската инвазија на Украина во услови на потопло континентално време и сигнали од Кремљ дека не се очекува барањето да се плаќа руското „сино гориво“ во рубљи да стапи на сила пред следниот месец, пишува Блумберг.

Цената на фјучерсите на гасот во холандскиот центар ТТФ паднаа за 12% на 84 евра за мегават-час (MWh), достигнувајќи го најниското ниво од 23 февруари, само еден ден пред Русија да ја нападне Украина.

Пазарот е фокусиран на испораките од Русија, најголемиот снабдувач на суровини во Европа, особено по одлуката на претседателот Владимир Путин минатиот месец да ги принуди „непријателските“ купувачи да плаќаат гас во рубљи. Адвокатите на Европската унија (ЕУ) донесоа прелиминарен наод дека механизмот за плаќање ќе ги прекрши санкциите наметнати од блокот.

Европа има уште „некое време“ пред да почне да плаќа за рускиот гас во рубљи, а трансакциите за испораките во април се очекува да се случат „некаде во мај“, рече во понеделникот (18-ти април) портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој одби да коментира дали некои клиенти се согласиле да плаќаат во рубли или да креираат сметки во руска валута, како услов.

Зголемувањето на температурите во Југоисточна Европа над просекот за месецот ќе достигне до централниот дел на континентот следната недела, се вели во извештајот на компанијата за вселенска технологија Maxar. Ова може да отстрани дел од притисокот врз побарувачката на природен гас. На Пиринејскиот Полуостров ќе биде постудено од вообичаено за април.

Дури и пред војната во Украина, Европа се обидуваше да ја ублажи кризата во снабдувањето со енергија и се натпреваруваше со Азија за товар на течен природен гас (LNG).

„Цените на гасот драстично паднаа бидејќи краткорочните изгледи се намалија“, рече Едмунд Сју, водечки енергетски аналитичар во консултантската компанија FGE.
Намалувањето на побарувачката и промената на горивото го намалија притисокот врз европските цени, но конкуренцијата од Азија останува, додаде тој.

„Трговците се прашуваат што ќе направи Азија со блокадите во Кина и каков е планот за надополнување на залихите пред зимата“, посочи аналитичарот.

Сепак, протокот на руски природен гас во Европа преку Украина се очекува да остане под максималниот капацитет во вторник, откако нарачките паднаа пред Велигден.
Руската енергетска компанија „Газпром“ рече дека испораките биле во согласност со барањата на клиентите.