Глобалната економија ќе се бори со последиците од пандемијата и војната во Украина во следните две години

52

Рецесијата, кризата со трошоците за живот и зголемениот долг ќе доминираат во глобалната економија во следните две години додека таа се бори да ги надмине последиците од пандемијата и војната во Украина, според истражувањето на Светскиот економски форум.

Извештајот за глобалните ризици на Светскиот економски форум, истражување на 1.200 професионалци од фондацијата со седиште во Женева, сугерира дека ќе има малку време за одмор во борбата против „енергетските, инфлацијата, храната и безбедносните кризи“.

Речиси седум од 10 испитаници сметаат дека во следниот период ќе доминира нестабилноста на економијата, проследена со повеќекратни шокови, а петтина од нив стравуваат од „катастрофални исходи“ во следната деценија, пишува Блумберг.

Најнепосреден ризик е кризата на трошоците за живот, додека најголема долгорочна закана се климатските промени, покажа истражувањето. Садија Заиди генерален директор на Светскиот економски форум, изрази загриженост за можноста светот да влезе во „маѓепсан круг“.

„Многу малку лидери на новата генерација ги поминаа традиционалните ризици од недостиг на храна и енергија, додека истовремено се борат со претстојните долгови и климатски прашања. Ќе ни треба нов, многу поагилен тип на лидерство“, изјави Франсин Лаква за ТВ Блумберг.

Годишните состаноци на Светскиот економски форум во Давос се закажани за следната недела, каде деловната, политичката и академската елита ќе споделат сознанија и ќе почнат да прават планови за наредната година.

Извештајот повикува на глобална соработка и предупредува дека ако владите згрешат во актуелната криза, „постои ризик да се појават сериозни социјални проблеми, бидејќи инвестициите во здравството, образованието и економскиот развој ќе престанат, што дополнително ќе ја урива социјалната кохезија (условите за социјален и економски развој)“.