Големи јапонски корпорации бараат амбициозен план за обновливи извори на енергија

383

Водечки јапонски компании, вклучувајќи ги Sony, Panasonic и Nissan, ја повикаа владата да усвои амбициозен план за обновливи извори на енергија до 2030 година.

Јапонскиот премиер Јошихида Суга минатата година ја одреди 205 година како краен рок за јаглеродна неутралност, но краткорочната цел за користење обновливи извори веќе долго време е мета на жестоки критики.

Јапонија до 2030 година би требало да произведува меѓу 22 и 24% струја од сонцето, ветерот и други обновливи извори, според целта поставена пред три години којашто владата би требало повторно да се разгледа во рамки на ревизијата на енергетската стратегија.

Во 2017 година, уделот на обновливи извори во производството на струја изнесуваше околу 17%.

Вкупно 92 корпорации, здружени во јапонска климатска иницијатива, ги повикаа властите да го усвојат амбициозниот план и уделот на обновливи извори на енергија да биде од 40 до 50%.

Фото: Freepik