Градежништвото негативно влијание за економскиот раст

21

Фото: Pixabay

Во третиот квартал на 2018 година, годишната стапка на реален раст на БДП изнесува 3%, што е идентично со растот во вториот квартал од годината.

Од аспект на производната страна, во третиот квартал најголем позитивен придонес кон растот на БДП има групата од дејностите трговија, транспорт и туризам, како и растот на индустријата. Од друга страна, кај градежништвото и понатаму се забележува негативен придонес кон вкупниот раст, но послаб во споредба со почетокот на годината, стои во податоците од Најновите макроекономски показатели на Народната банка на Република Македонија.

Кон годишната стапка на раст на БДП во третиот квартал, позитивен придонес имаат и домашната и нето извозната побарувачка. Гледано по компоненти на побарувачката, најголем индивидуален позитивен придонес има извозот, којшто е главниот фактор за високиот позитивен придонес на нето извозот за вкупниот економски раст.