Грција издава 30-годишни обврзници

21

Грција емитува обврзници со рок на доспевање од 30 години, што е најдолг рок од 2008-ма година, со што земјата се враќа на меѓународните должнички пазари, пишува Bloomberg.

“Државата продава 30-годишни обврзници преку банки, што би можело да биде прилика за инвеститорите да добијат принос што би бил највисок во евро зоната“, пишува Bloomberg, додавајќи дека Грција ги следи земјите од регионот што ги користат ниските трошоци за да го финансираат закрепнувањето од пандемијата.

Продажбата на 30-годишни обврзници за Bloomberg е знак дека Грција значително напредува во текот на последните 10 години.

За оваа должничка хартија од вредност интерес покажале инвеститорите кои преку банките доставиле налози за купување од над 17 милијарди евра.

“Во ек на должничката криза во евро зоната во 2012 година, приносите на 10-годишните грчки обврзници пораснаа за 44%, а земјата беше исклучена од меѓународните должнички пазари. Сега приносите се под 1%, што на владите им пружа шанса да ги искористат овие долгорочни обврзници и да ја финализираат кривата на приносот“, пишува Bloomberg.

Фото: Pexels