И бизнисот сит и парите на број!

24

slika

Ви ги предлагаме кредитните продукти на Штедилница Можности наменети за малите семејни бизниси!

Средствата ги добивате во просек за пет дена од апликацијата.

Се работи за кредитни продукти што ги задоволуваат сите потреби на фирмите и нивните сопственици за основни средства, за обртни средства, за лични и семејни потреби и за купување на станбен и деловен простор.

Кредитите се наменети за кредитоспособни семејни бизниси и нивните сопственици, кои делуваат во областа на услугите, производството, туризмот, градежништвото, трговијата и занаетчиството.

Износот на кредитите е до 50.000 евра за правно лице, односно до 15.000 евра за физичко лице.

Рокот на враќање зависи од намената на кредитот. За основни средства и опрема, максималниот рок изнесува 60 месеци, за обртни средства изнесува 36 месеци, за лични и семејни потреби изнесува 84 месеци, додека за купување на станбен или деловен простор изнесува 180 месеци.

Годишната каматна стапка започнува од 7%.

Трошоци на кредитот се манипулативен трошок кој започнува од 1%, месечна провизија за управување која започнува од 0,133%, меница од 500 денари и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот.

Отплатата може да се врши со еднакви месечни рати или со променлив план на отплата, согласно дејноста на клиентот.

Апликацијата за кредит и личното советување на клиентот не се наплаќа.

Дополнително, правните и физичките лица немаат обврска да вршат промени во нивната трансакциска сметка, односно средствата се префрлаат во банка по избор на корисникот на кредит.

Исто така, штедилницата нуди и депозити за сопствениците на компаниите или нивните деца и семејства по исклучително поволни услови.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.

moznosti