Идејата на оваа жена спасува милиони луѓе повеќе од 140 години

82

Понекогаш вистинските идеи се раѓаат во време на криза. Таков е случајот со една жена – јунак која успеа да се справи со Големата депресија. Иако станува збор за модел стар 140 години, сепак им е од голема корист на милиони невработени Американци, кои останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот, пишува CNN.

Станува збор за Франсис Перкинс: прва жена во претседателскиот кабинет на САД и главен “мозок“ на проекти што функционираат и децении подоцна. Таа била социјален работник, главен преговарач и заштитник на работните права, а била и сведок на потешкотиите со коишто се соочувале работниците пред и во текот на Големата депресија. Поради сето тоа Перкинс развивала различни мерки со надеж да се ублажат последиците од невработеноста и масовната сиромаштија.

Таа стои зад социјалното осигурување за поддршка на работници со инвалидитет и години, работната недела да трае 40 часа, воспоставување на минимална плата и ставање крај на детскиот труд. Перкинс, исто така, создаде национален систем за надомест за невработените. Преку овој систем, се вбризгуваат милијарди долари за работниците, така што тие можат да продолжат да ги плаќаат сметките и да обезбедуваат храна за своите семејства.

Перкинс создала национален систем за осигурување во случај на невработеност во 1935 година, како дел од законот за социјално осигурување. Се проценувало дека стапката на невработеност во текот на Големата депресија бил над 20% четири години по ред, а многу малку работници имале и други извори на финансирање за да можат да преживеат. Во тоа време, работната сила била сочинета претежно од мажи, а кога мажите што биле вработени, останале без работа, цели семејства биле доведени на раб на егзистенција.

Перкинс поминала долг временски период залагајќи се заштита на правата на работниците. Таа студирала економија и социологија, а често ги посетувала фабриките каде што забележала лоши услови за работа.

Таа починала во 1965 година, а денес многу малку Американци го знаат нејзиното име иако благодарение на нејзиниот проект успеваат да преживеат и во услови на криза.

Фото: Pixabay