Индустријата во минус од 9,5% во јули

26

Индустриското производство во јули оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 9,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 36,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 10,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,1%, Капитални производи за 17,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 37,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%.

Индустриското производство во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јули 2019 година, е намалено за 13,8%.

Фото: Freepik