Индустриските производи поевтини за 2,6% од лани

13

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,6% на годишно ниво.

Во февруари 2014, во споредба со јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%, во групата Капитални производи за 0,6% и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.

Во февруари 2014, во споредба со февруари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 4,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3%, Капитални производи за 1,5% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4%.