Индустриското производство во декември со пораст од 0,7%

11

Индустриското производство во декември, во однос на истиот период претходната година, бележи раст од 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2014 година, во однос на периодот
јануари – декември 2013 година, бележи пораст од 4,8%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи опаѓање од 6,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5%.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2014 година, во однос на декември 2013
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8%, Капитални производи за 47,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 16,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2%.