Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,69%.
Највисока стапка на слободни работни места од 4,69% има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала стапка од 0,17% бележат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.
Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,44%.
Источниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,11%.
Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Фото: Freepik