Изградбата на бугарскиот дел на гасоводот Јужен тек започна вчера. Бугарскиот дел од Јужен тек, долг 540 километри, ќе чини 3,5 милијарди евра. Проектот ќе го финансира руската компанија Газпром, пренесуваат бугарските медиуми.
Тунелот Marmaray е дизајниран да издржи земјотреси со голема јачина. Цевката на тунелот се наоѓа на 60 метри под морската површина и турската влада тврди дека се работи за најдлабокиот тунел во светот.
Владиниот предлог ќе ги штити интересите на должниците, а не на банките и ќе го трасира патот кон постепено укинување на хипотекарните кредити во странска валута во следните неколку години.
Аквизицијата на Dr. Martens значи уште едно силно име во портфолиото на Permira. Приватниот фонд веќе има инвестиции во брендовите Hugo Boss, Cortefiel и New Look. Минатата година, Permira го продаде луксузниот бренд Valentino на Катарскиот фонд.
Се очекува целокупната трансакција да биде завршена во првиот квартал од 2014 година. Вкупната цена на трансакцијата е 75 милиони евра.
Супермоделот Кејт Мос ќе му се придружи на уредничкиот тим на британски Vogue, а нејзината прва приказна како моден уредник ќе се печати во пролетното издание.
Во часовникот е вграден сензор за следење на ритамот на срцето и е наменет првенствено за тркачите, џогерите и рекреативците. Продажбата ќе започне на 1 ноември, а цената е 399 долари.
Cтранските инвестиции во Бугарија до крајот на 2013 година ќе достигнат вредност од една милијарда евра, изјави директорот на бугарската Агенција за инвестиции, Cветослав Младенов.
За само една недела од објавата на видеото на YouTube за автомобил на Ford кој има можности сам да се паркира, бројот на прегледи достигна 248.000.
Шимшек е првиот турски министер што добива награда затоа што успеа да го зачува буџетот, да го преполови јавниот долг на земјата и да ја направи Турција интересно место за инвестиции.
Како што објасни првиот човек на националниот турски авиопревозник, новиот аеродром ќе има капацитет од 150 милиони патници.
Основната цел на новите прописи за тутунски производи е да се одвратат младите од идејата да запалат цигара. Еврокомесарот за здравство Тонио Борг очекува во следните пет години бројот на пушачи да се намали за 2%.
Најголемата турска групација во прехранбената индустрија, Yildiz Holding, минатата недела продаде 20% од акциите на подружницата Ülker на 44 странски инвеститори за 431 милиони долари.
Според антимонополскиот регулатор на ЕУ, Газпром можеби ја искористувал доминантната позиција на пазарот, го ограничувал слободниот проток на гас во Европа и наметнувал нефер цени за потрошувачите, врзувајќи ја цената на гасот со цената на нафтата.
Францускиот суд го казни ирскиот авиопревозник Ryanair со преку осум милиони евра, поради кршење на локалните закони за работни односи.
Унгарската влада соопшти дека и дала налог на управата на нафтената компанија МОЛ да направи ревизија на портфолиото и ако е потребно да преземе потребни чекори за продажба на акциите на хрватска ИНА.
Швајцарскиот гигант Нестле е се поблиску до одлуката да ги продаде “лошите” брендови и да го подобри своето портфолио со отстранување на фирмите кои подолг период остваруваат слаби резултати.
Шведска Икеа, најголемиот произведувач на мебел во светот, во продавниците во Британија ќе почне да продава и соларни панели.
Британскиот Lloyd's List, 279 години по првото издание, ќе излегува само во интернет формат.
Германски Volkswagen соопшти дека на 28 октомври ќе се повлече од Лондонската берза, поради нискиот обем на трговија со акции.
За доцнење меѓу еден и два часа, железниците мораат на патникот да му вратат 25% од цената на билетот, а во случај возот да доцни повеќе од два часа, ќе добијат назад 50% од цената.
Според новите правила што ќе се изгласаат на почетокот на следниот месец, тенките или слим цигари веќе нема да се произведуваат, како ни оние со вкус на ментол, овошје или чоколадо.
BMW започна со сериско производство на својот електромобил i3. Освен специфичен погон, овој автомобил се одликува и со единствена каросерија – i3 е прв сериски автомобил од карбонски влакна.
Германскиот произведувач со ова прави место за новиот модел 2016 Mercedes - Benz GT, автомобил кој ќе му парира на Porsche 911.











