Идејата на иницијативата “1:12 за фер плати” беше дека никој месечно не смее да заработува повеќе од нечија годишна плата.
Германската телекомуникациска компанија Deutsche Telekom соопшти дека продава 70% од уделот во својата компанија за рекламирање на интернет за 1,5 милијарди евра.
Турскиот авиопревозник Pegasus е именуван за најевтин во Европа, во споредба со 20 нискобуџетни авиокомпании, според WhichAirline, интернет страница која прави споредби на нискобуџетните авиокомпании во светот.
Италија ќе ги продава уделите во јавните претпријатија, вклучувајќи ја и нафтената компанија Eni, за да собере до 12 милијарди евра и да го намали јавниот долг.
Шефот на Икеа Франција е обвинет дека најмил фирма на приватни детективи да “прочешлаат” одделни вработени, особено активисти во синдикатот, кандидатите за работа, па дури и незадоволните клиенти.
За една година ќе се тестира меѓу 10% и 25% од персоналот, по случаен избор преку компјутерска програма.
Со стратегијата се нагласува заедничката визија на земјите од ЈИЕ до 2020 година да се отворат до еден милион нови работни места и така стапката на вработеност од 39% да се зголеми на 44%.
Компанијата ќе произведува паметни телефони под Vodafone брендот во погоните на Вестел, во рамките на плановите за зголемување на уделот на пазарот за паметни телефони.
Новиот аеродром би се градел седум години. Предвидено е да има шест писти, а вкупната вредност на проектот изнесува 55 милијарди евра.
ЕАСА до крајот на овој месец ќе ја обнови новата директива со која се проширува можноста за користење на таблети, смартфони, лаптопи и слични уреди во текот на сите фази од летот, под услов да се подесени во режим за работа во авион (airplane mode).
Највисока оценка за кредитен рејтинг ААА во Европа имаат само уште осум земји, според проценките на трите највлијателни рејтинг агенции Moody’s, Fitch и Standard & Poor’s.
Сбербанк, најголемата руска банка планира да отпушти 30.000 вработени во следните пет години, што претставува околу 10% од персоналот, изјави претседателот на банката Херман Греф.
По повеќечасовни преговори, институциите на Европската унија го договорија буџетот за следната година, кој ќе изнесува 135,5 милијарди евра.
Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines наскоро започнува иницијатива која ќе им овозможи на стартап компаниите да ги презентираат своите проекти/бизнис идеи на патниците што летаат со оваа авиокомпанија.
Турскиот заменик премиер Али Бабакан изјави дека целта на турската влада во периодот од 2014 до 2016 година е да отвори 1,8 миниони нови работни места и со тоа стапката на невработеност да ја доведе до 8,9%.
Поранешните шефови на компанијата HTC, Мајкл Комбс и Џејмс Еткинс, го претставија својот нов бренд Kazam и седум сета паметни телефони.
Турција планира да го забрза процесот на приватизација на националната лотарија во ноември, кога повторно ќе распише тендер, а процесот треба да заврши во јануари следната година.
Се сомнева дека фабриката издавала лажни декларации и документи за потеклото на месото. Локалните медиуми јавуваат дека фабриката купувала евтино расипано месо, го мешала со свежо месо и го издавала под нова декларација.
Американскиот ланец на брза храна, Burger King, најави дека се враќа на францускиот пазар, откако во 1997 година ги затвори своите 39 ресторани во Франција поради неисплатливост.
Банките кои работат на бугарскиот пазар ќе бидат подложени на стрес тестови од Бугарската народна банка (БНБ) најмалку еднаш годишно.
Google во следните неколку години ќе инвестира дополнителни 450 милиони евра во дата центар во Хамина, на југоистокот на Финска. Со тоа вкупната инвестиција во овој центар ќе достигне 800 милиони евра.
Луксузниот хотел со пет ѕвездички добиениот мед ќе го служи за доручек на гостите. Поставени се три кошници, со по 10.000 – 15.000 пчели, а првиот мед се очекува во мај следната година.
Британскиот банкарски гигант HSBC објави дека заедно со уште неколку банки е предмет на истрага за можно манипулирање во трговија со странски валути.
Претседателот на националниот авиопревозник Туркиш ерлајнс, Хамди Топчу изјави дека компанијата е во преговори за преземање на авиокомпанија од Африка, но дека сопственоста ќе биде партнерство со таа компанија.