Земјава е на добар пат во применувањето на европското законодавство за платежни услуги.
Благодарение на соработката меѓу Макпрогрес Виница и Пакомак над 400 тони пластика и хартија во 2018 година беа селективно одложени и однесени на рециклирање.
Соработката ќе започне со организација на втората Обука за корпоративни секретари во Република Северна Македонија.
Во периодот јануари – април 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Преку новото партнерство со Dell EMC, Неоком АД го збогати своето портфолио на опрема и услуги, нудејќи им на своите корисници поголем избор на производи и решенија од водечките светски компании од областа на ИКТ.
Цените на угостителските услуги во мај оваа година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво.
Со промените во регулативата на коишто се работи во моментов ќе се стимулираат значајни унапредувања на пазарот на платежни услуги во земјава.
Добивката во износ од 2.120.369.118 денари се распоредува на: 1.484.358.018 денари за исплата на дивиденда, 180.000.000 денари за задржана добивка за инвестициски вложувања и 456.011.100 денари за општ резервен фонд.
Најмногу слободни работни места, односно 2.443, во првото тримесечје од оваа година, има во групата занимања – работници во услужни дејности и продажба.
Финансиските технологии и иновации му даваат нов изглед на финансискиот сектор, создаваат нови даватели на услуги, деловни модели, нови производи и решенија, со што се менува целиот финансиски екосистем...
Литар Еуросупер БС -95 ќе чини 69,50 денари, додека новата цена на дизелот е 62,50 денари. Еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 72 денари.
Индустриското производство во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемено за 5,5%.
Овој Корпоративен извештај е единствен извештај на пазарот којшто нуди информации за блокада/деблокада на трансакциска сметка во моментот на генерирање на истиот и информации за задолженост и редовност во подмирувањето на обврските.
Вкупните девизни резерви на крајот на април оваа година достигнаа ниво од 2,87 милијарди евра, што е 7,9 милиони евра повеќе во споредба со март, кога тие имаа вредност од 2,8 милијарди евра.
Приближно 62 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во април годинава во рамки на спроведените 6.814 инспекциски надзори.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,6%.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 3,1%, а реално за 6%).
Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија што припаѓаат во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита со 64,2% и Стручни, научни и технички дејности со 59%.
Tрошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во првото тримесечје од оваа година, во однос на последното тримесечје лани, се пониски за 0,6%, трошоците за материјали се повисоки за 0,5% и трошоците за вработените се пониски за 3,1%.
За економските оператори, тоа значи намалување на времето на поднесување на декларации, поедноставување на процесите, и најважно - значително намалување на трошоците.
Софтверското решение ќе биде прилагодливо на секој вид на институција без разлика на големината дали е мал, среден или голем субјект, односно корпорација.
Забраната ќе се однесува и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 26,7%, во градско - приградскиот превоз е зголемен за 1,6%, во железничкиот превоз е намален за 1,5%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 7,7%.











