Цената на комплетот ковани пари Триптих изнесува 4.500 денари.
Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52,50 денари, додека Еуросупер БС – 95 и во следните две недели ќе се продава за 66,50 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 ја задржува цената од 68,50 денари за литар.
Бројот на превезени патници, во последното тримесечје од 2016 година во однос на истиот период претходната година, во градскиот превоз е намален за 12,5%, во приградскиот за 0,5%, во меѓуградскиот превоз за 5,1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето е 6,3%
Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување додека најдобрите 25 ќе имаат шанса да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50% од школарината.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период претходната година, се зголемени за 39,3%.
Процесот на сертификација беше изведен во текот на декември 2016, со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат.
Менаџерскиот синдром, кој се јавува кај голем процент од деловните луѓе, најчесто предизвикува симптоми на несоница, аритмија и/или пад на имунитетот.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во текот на 2016 година, изнесува 2.780.107.000 денари.
Бизнис конфедерацијата на Македонија ѝ ја додели Меѓународната награда за општествена одговорност на Охридска банка Сосиете Женерал за концептот План за стан, категоризирајќи го како проект од општествен интерес којшто има придонес кон пазарот и клиентите.
На Скопски саем започнуваат подготовките за 14-от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и седмиот RealExpo - Меѓународен саем на недвижности.
Земјоделски производители од Македонија учествуват на најголемиот саем за органски производи Биофах, што се одржува од 15 до 18 февруари во Нирнберг, Германија.
Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка којашто ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство.
Вип ја најавува новата промоција во постпејд сегментот на мобилната телефонија со којашто корисниците добиваат можност за неограничена комуникација и тоа со намалена месечна претплата во текот на целата година.
Самитот е фокусиран на актуелни теми од повеќе области, но на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.
За претседател на Македонско - српскиот деловен совет со четиригодишен мандат, беше назначен Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов.
Во тек е пријавување на нови бизнис идеи во Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија. Секој што има идеја за стартување бизнис, може да аплицира на повикот, којшто е отворен до 24 февруари 2017.
Настанот нуди можност не само да ги изложите и продавате своите производи и услуги, туку и да комуницирате и соработувате со дизајнери и маркетари од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата.
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, Тиквеш исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, е намалено за 31,7%.
Експозитурата Капиштец на Комерцијална банка, поради изведување градежни активности, нема да работи утре (17.02.2017) и во сабота (18.02.2017 година).
Претставници на 20 државни институции со користење европски искуства се обучуваат да креираат и стандардизираат геопросторни податоци во своја надлежност со што ќе овозможат да бидат достапни преку геопорталот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) на Катастарот.
“По оваа дата, услугите на банката може да ги користите во сите експозитури и Зони 24/7 на ПроКредит банка во Скопје“.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за четири процентни поени.











