Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 60,50 денари за литар, додека новата цена на Еуросупес БС – 98 ќе биде 62,50 денари. Дизелот поскапува за 1,50 денари, па еден литар ќе чини 45 денари.
Градежен Институт Македонија (ГИМ) и Гранит Скопје, минатата недела потпишаа договор со Електростопанство на Република Српска – Хидроелектрани на Дрина, за изведба на работи на консолидација под браната ХЕ Вишеград на реката Дрина во Босна и Херцеговина.
Стапката на невработеност во 2015 година достигна 26,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Нина го започна Grouper во 2011 година, собирајќи храброст да ја размрда е-трговијата во време кога помалку од 1% од плаќањето беше онлајн со картички.
Интернешнел Хотелс АД Скопје минатата година ја заврши со добивка од 2.863.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Хрватската фармацевтска компанија ФармаС ја избра Светлана Црнокрак за заштитно лице на својот премиум бренд – пробиотикот ПРОБаланс за македонскиот пазар.
Италијанската компанија Lube, којашто е интернационален бренд во производство за кујни и плочест мебел, кон крајот на овој месец пристигнува и во Скопје.
Акцијата ќе трае 7 дена и е наменета за одредени производи од познатите брендови кои се застапени во Техномаркет.
Македонски Телеком повторно и оваа година ќе се вклучи во светската волонтерска акција Часот на планетата Земја, преку којашто со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата.
оне.Вип и Близу се приклучуваат кон најголемата светска волонтерска акција Час на планетата земја, којашто годинава се одбележува на 19 март 2016 година, во периодот од 20:30 до 21:30 часот.
Целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во Проектот. На вакви бизнис средби, тие имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички соработки.
Компанијата Единство од Струмица ланската година ја заврши со загуба од 12.143.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Акција – претставува сопственичка хартија од вредност, што е неделив и идеален дел од основната главнина на акционерското друштво или командитното друштво со акции.
Вкупна сеопфатна добивка од 301.048.000 денари за 2015 година прикажа Мермерен Комбинат од Прилеп, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата МЗТ Пумпи минатата 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 166.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Седма година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час во мрак ќе потонат над 178 земји и 7.000 градови ширум светот.
Усје на еден час ќе ги исклучи мелниците за цемент, како и сите невитални објекти во кругот на фабриката со што ќе се овозможи заштеда од над 10 MWh електрична енергија, што е доволно за вкупната едночасовна потрошувачка на приближно 20.000 домаќинства.
Вкупна сеопфатна добивка од 26.456.000 денари за Хотели Метропол Охрид, покажа неконсолидираниот биланс на успех за 2015 година објавен на Македонска берза.
Македонски Телеком на своите акционери ќе им исплати дивиденда од 1.474.683.110 денари, којашто претставува нето добивка остварена по финансиските извештаи на компанијата за 2015 година.
Компанијата Жито Лукс во 2015 година успеа да ја подобри бруто добивката за 47 милиони денари односно 17% во споредба со минатата година.
Во центарот на Гевгелија, ПроКредит Банка вчера свечено ја отвори новата модерна експозитура, која нуди автоматизирани услуги за претпријатијата и граѓаните од гевгелискиот регион, преку Зона 24/7 која работи секој ден, викенди и празници.
Винарската визба Сковин во неревидираниот биланс на успех за 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 311.000 денари.
Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.479.000 денари.
Cвојот 10 годишен јубилеј, CEED ќе го прослави со Конференција што ќе се одржи на 14 април 2016 година во Софија, Бугарија, земјата во која е отворен првиот центар од мрежата.