Топлификација, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 32.006.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Тутунски Комбинат АД Прилеп, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа загуба од 25.104.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Загуба од 7.493.000 денари во 2015 година оствари акционерското друштво Макотекс, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
АрцелорМиттал (ЦРМ) 2015 година ја заврши со загуба од 621.422.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,9%, додека во однос претходниот месец е намален за 2,2%.
Друштвото за градежништво АД Бетон во консолидираниот биланс на успех за минатата година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 91.089.000 денари.
Од 22-ри до 27-ми март на Скопски саем ќе се одржи меѓународниот саем за мебел, којшто оваа година го одбележува своето 42-годишно постоење.
Илирика Инвестментс АД Скопје ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.
Покрај центарот во Штип, преку овој проект се отворени и опремени ресурсни центри во Скопје, Тетово, Битола и Велес. Овие центри ќе овозможат подобри услови, ресурси и директна поддршка за децата со пречки во видот со цел се подобри нивната писменост и образовните можности.
Брошурата е практичен водич наменет, пред сè, за обврзниците за пресметка и уплата на социјалните придонеси и сметководителите.
На 10-ти април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи четвртата Женска трка, којашто е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон 2016.
Триглав Осигурување воведе нова услуга на пазарот, автомобилска асистенција, којашто на клиентите им нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во Европа.
Градежната компанија Гранит, од 01.01. до 31.12.2015, оствари вкупна сеопфатна добивка од 219.917.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2016 година е за 0,8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2015 година е зголемен за 8,3 процентни поени.
Акционерското друштво Димко Митрев од Велес ланската година оствари вкупна сеопфатна добивка од 290.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Акционерското друштво РЖ Услуги ја заврши минатата година со загуба од 6.913.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Преголемата потреба на антибиотици создава високо отпорни бактерии. Без итна акција, развојот ќе биде насочен кон пост - антибиотска ера, каде важните лекови ќе престанат да дејствуваат и малите инфекции и повреди повторно ќе бидат смртоносни.
Акционерското друштво Скопски пазар, од први јануари до 31-ви декември 2015 година, успеа да оствари вкупна сеопфатна добивка од 35.066.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Прехранбената компанија Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, работеше со загуба од 3.456.000 денари.
Цените во земјоделството во февруари, во однос на истиот период лани, кај инпутот е намален за 2,4%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 8,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Фруктал Мак, од јануари до декември минатата година, работеше со добивка од 6.550.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јануари оваа година, се пониски за 0,9% на месечно ниво и 4,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прилепска пиварница минатата 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 150.952.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Адинг, во период од 01.01. до 31.12.2015 година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 15.313.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.