Загуба од 3,4 милиони денари за Жито Полог од Тетово

102

zito polog

Прехранбената компанија Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, работеше со загуба од 3.456.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, загубата на компанијата беше на ниво од 8.621.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 377.482.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 375.640.000 денари, додека остатокот од 1.842.000 денари е остварен преку извоз.

Основна дејност на Жито Полог од Тетово е производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца.