Металуршката компанија Макстил оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.909.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година.
Во септември оваа година се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19,7% повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Акционерското друштво Градски трговски центар (ГТЦ), за период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 43.263.000 денари.
Целта на работилницата е зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачката култура и развој на малите и средни претпријатија.
Охридска банка, Групација Сосиете Женерал го продолжува промотивниот период со атрактивни каматни стапки за новоотворени депозити од програмата денарски Депозит прогрес до 30-ти ноември 2015 година, се вели во соопштението на банката.
Градежната компанија Адинг прикажа вкупна сеопфатна добивка од 21.361.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех за период од први јануари до 30-ти септември, објавен на Македонска берза.
Прехранбената компанија Благој Ѓорев од Велес оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.591.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Трошоците на животот во октомври 2015 година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, а кај цените на мало има намалување од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Новиот продажен салон, лоциран на приземјето во Градскиот Трговски Центар ќе биде со помодерен дизајн и покомфорен простор, а ќе го одликуваат стилски финеси од најновите светски дизајнерски трендови кои се чекор пред времето.
Надградбата првично е направена во потесното градско подрачје на Скопје и со овој чекор на корисниците им се овозможува поголема брзина на пренос на податоци која се движи до максимални 220 Mbit/s.
Агроплод од Ресен оствари вкупна сеопфатна добивка од 22.337.000 денари, покажува билансот на успех за период од први јануари до 30-ти септември, објавен на Македонска берза.
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Прилепска Пиварница се најтргувани во текот на месец октомври, покажува месечниот статистички билтен на Македонска берза.
Турската национална новинска агенција Анадолија денеска во Скопје ќе ја промовира редакцијата на македонски јазик.
Компанијата Факом во период од јануари – септември оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.399.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Вкупните девизни резерви на крајот на октомври достигнаа ниво од 2.188.000.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година, изнесува 370,4 милиони денари и споредено со третиот квартал за 2014 година, бележи зголемување од 185,6 милиони денари.
Треба да тргнете и да сте подготвени да се движите на лизгава површина. Ако сакате да успеете во бизнисот, мора постојано да сте во движење, да патувате, да запознавате луѓе.
Создадено според германска традиционална рецептура на најголемите пивски мајстори за темно пиво, Златен Даб Dark се карактеризира со специфичка арома, текстура, неодолив балансиран вкус на карамела, мирис на кафе и деликатен чоколаден финиш.
Акционерското друштво Реплек во период од девет месеци од оваа година работеше со добивка од 60.342.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Текстилната компанија Тетекс од Тетово во период од деветте месеци од 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.306.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Фармацевтската компанија Алкалоид во периодот од јануари до септември оваа година оствари позитивни финансиски резултати, се вели во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.
Студентската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии ја потврди титулата Балкански шампиони со победата на деветиот натпревар Хардвер и софтвер, кој се одржа во рамки на меѓународната конференција Енергетска електроника и Индустриска електроника.
Акционерското друштво Македонијатурист во изминатите девет месеци работеше со вкупна сеопфатна добивка од 102.429.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Нафтената компанија Макпетрол, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна загуба од 129.555.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.











