Комерцијална банка АД Скопје ја завршила 2013 година со нето-добивка од 78,9 милиони денари, односно 1,28 милиони евра, а одлучено е добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал.
Очекуваме продолжување на позитивниот тренд на пораст на нашата економија што за 2013 година изнесуваше 3,1%. Нашите проценки за оваа година засега се дека растот ќе биде зголемен и ќе изнесува околу 3,7%.
Контролите на квалитетот на водата спроведени на почетокот на овој месец покажуваат дека квалитетот на водата во Охридското езеро е од прва односно втора класа, што е во рамките на дозволените стандарди.
Општина Илинден обезбеди четири бесплатни проекти за изградба на куќа за сите оние што на јавните електронски наддавања успеаја да обезбедат градежни парцели за индивидуално домување во населбата Јака.
Во рамки на проектот, учениците на возраст од 16 до 18 години, од таа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска ќе потпише меморандум за соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Македонската компанија Технокооп мебел на Саемот за мебел ќе ги израдува своите купувачи со вредни изненадувања. Преку наградување на купувачите Технокооп мебел ја одбележува 25-тата година од своето постоење на пазарот.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје (ФЕИТ) наскоро ќе биде отворена лабораторија во која ќе се детектира храната која веќе била третирана со јонизирачко зрачење.
Вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 37.336 мил. nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 125,9%.
ВИП оператор воведе нов систем за управување со односи со корисници (CRM - Customer Relation Management).
Енергетската иднина на Македонија е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветер, биомаси и мали водотеци, смета Сања Божиновска, директор на секторот за трговија со електрична енергија во Руднап.
Агенцијата за вработување на Република Македонија и Заводот за вработување на Црна Гора денеска во Скопје ќе потпишат договор за соработка.
Здружението на приватни лекари на Македонија ги повикаа невработените лица, носители на здравствено осигурување најдоцна до 31 март да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Семинар за важноста од сертифицирање на шумите во земјите на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје со поддршка на фондацијата Поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП).
Студентите на економските и техничките факултети од денеска до крајот на месецов може да се пријавуваат на конкурсот за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност што е објавен на веб-странцата www.energetskaazbuka.mk.
Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија започнаа иницијатива за зголемување на економската и трговската соработка помеѓу двете држави, за која е оценето дека не е на потребното ниво.
Индустријата за мебел годинава бележи пораст. Тоа го потврдува и годинешниот јубилеен 40-ти по ред Меѓународен саем на Мебел на кој ќе има рекорден број учесници од земјава.
Од полноќ дизелот поевтинува за два, а бензините за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со цел продолжување и продлабочување на соработката беше разменет и меморандум за соработка со кој Народна Република Кина ќе и додели на Македонија средства во висина од 2,5 милиони евра.
Наградите вклучуваат инвестиции во износ до 150.000 евра, вклучување во меѓународни програми за нови компании, хардвер, софтвер и контакти со лица на врвни позиции во Дојче Телеком.
Факултетот за електротехника и информациски технологии утре организира работилница на тема Технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење.
Сите нови издадени VISA кредитни картички (Visa Star, Visa Vero, Visa Gold) во промотивниот период од 18.03.2014 до 31.05.2014 ќе добијат годишна каматна стапка од само 6,9% за сите купувања до крајот на 2014 година.
Граѓаните кои сакаат да учествуваат во наградната игра Фискална во рака – награда без мака покрај по пошта, адресираните коверти со фискални сметки и лични податоци можат да ги оставаат и на специјално одредените пунктови
Австриската компанија Новоматик груп која е позната во светот на индустријата на игри е новиот сопственик на хотелот Фламинго кај Гевгелија. Менаџментот на компанијата соопшти дека станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра.