Оваа термоелектрана на биогас ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Во рамки на проектот за странски експерти во домашни компании, Јуриен Лози, координатор-експерт од Програмата за испраќање еминентни експерти (ПУМ), од областа на пекарството, од Холандија ја посети компанијата Чеза комерц во Скопје.
Со отворениот ден за одбраните 23 кандидати и првиот воведен тренинг ЕВН Македонија официјално ја започна специјализираната програма за обука и вработување на млади кадри Trainees 2014.
Општина Штип и ЈП Исар добија донација од 415.000 евра, а кои се искористени за нова опрема. Македонија и Словенија имаат одлична соработка, а со донацијата во опрема за Филтер станица на граѓаните ќе им се овозможи доволно количини на питка вода за пиење.
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 54.392 деловни субјекти со 335.771 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 947.410 милиони денари
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија и годинава ќе избираат најдобри општествено одговорни претпријатија.
Анализите покажале дека кај поголем дел од македонското население нема доволна свесност за ризиците од природни катастрофи. Перцепцијата е дека државата претставува единствено решение за апсорбирање на ризикот
Речиси 950 невработени лица кои активно бараат работа годинава ќе бидат обучени за отворање на сопствен бизнис во рамките на Програмата Самовработување 2014 година. Секој од нив ќе добие и грант од околу 3.000 евра за отворање бизнис
Кредитната агенција Фич во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија на ББ+ стабилен. Ова, според Министерството за финансии, е големо признание за економските политики и воопшто политиките што се спроведуваат во земјава.
Македонија по трет пат ги претставува своите туристички потенцијали на водечката саемска туристичка манифестација во Скандинавија - ТУР 2014 во Гетеборг, која беше отворена вчера и ќе трае до 23 март.
По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром, Ре-Медика се вклучува со поддршка на лицата со овој синдром. Акцентот на поддршката оваа година е на децата со истиот синдром кои ќе добијат бесплатни медицински прегледи.
Имплементацијата на Проектот за Дримскиот басен се очекува да придонесе за поголема контрола на состојбите на еко-системот на Охридското Езеро, особено на нивото на водата во Eзерото чиј водостој последните години бележи значителни осцилации
Паркот на ветерни електрани Богданци влегува во својата финална фаза од изградбата. На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а во моментов течат активностите за поврзување на ветерниот парк со електропреносната мрежа на МЕПСО.
Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за администрација на локалните управи на Република Косово го почнаа процесот на подготовка на програмски документ за прекугранична соработка за периодот 2014 – 2020.
Пакомак преку своите соработници во секоја од 13-те експозитури на ПроКредит Банка во Скопје организираше поставување на картонски корпи за собирање на административна хартија од работењето, а поставени се и кутии за собирање на неважечките кредитни и дебитни картички.
Македонија во соработка со италијански експерти почна проект за употреба на тутунот за биодизел гориво. Како што беше речено на средбатa во Институтот за тутун, ова е резултат на барањето на СЗО за намалување и пренамена на површините со тутун.
Со грант од 400.000 евра од германската и швајцарската влада, 8-те плански региони во Македонија ќе ги подобруваат способностите за подготовка на техничка документација за конкурирање за претпристапните фондови од Европската Унија.
До јули годинава Прилеп ќе добие аква парк, за што се во тек градежни активности. Лоциран е во хотелскиот комплекс Салида на излезот од градот до патот Прилеп - Битола.
Македонија ќе ја добие четвртата транша од кредитот од Европската инвестициска банка (ЕИБ) веднаш по целосното искористување на третата транша, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
ФЗОМ ги повикува невработените лица носители на здравствено осигурување да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот. Тоа треба да го направат согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Винарската визба Тиквеш доби две награди на годинашното издание на престижниот натпревар специјализиран за вина од сортата Шардоне. Во конкуренција на 794 вина од 40 земји, врвните Шардонеа на Тиквеш, Limited edition и Special Selection, од бербите 2012 и 2013
Околу 17% помалку ќе тежи годинашната реколта тутун, но сите производители кои лани склучија договори за откуп, тоа ќе може да го сторат и во 2014 година.
Германски и американски компании чии седишта се во Германија, во наредниот месец ќе ја посетат Македонија со цел да ги финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.
Република Македонија доби свој национален кириличен домен .мкд, со кој ќе се претставува во меѓународниот интернет-простор. Избран е од граѓаните преку интернет-анкета што ја спроведе Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ