Презентација на Нацрт ИПА програмата за меѓугранична соработка на Македонија и Косово

21

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за администрација на локалните управи на Република Косово го почнаа процесот на подготовка на програмски документ за прекугранична соработка за периодот 2014 – 2020.

Со цел да се обезбеди пошироко запознавање на потенцијалните корисници и заинтересирани страни, денеска ќе се одржи презентација на нацрт-програмскиот документ.

Нацрт ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово е втор програмски документ, кој се развиваше врз основа на искуствата собрани од програмата за соработка за периодот 2010-2013.