Фармацевтската компанија Алкалоид во 2013 година остварила нето добивка во износ од 600 милиони денари или 9,76 милиони евра, што е за 3% повеќе во однос на претходната година.
Министерството за финансии исплати 210,9 милиони денари субвенции на 1.316 сточари за одгледување овци. Финансиската поддршка за одгледување овци изнесува 1.000 денари по грло.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Македонија за фиксна, мобилна телефонија и интернет и Диги Плус Мултимедиа за дигитални услуги соопшти дека има раст на приходите и добивката.
Невладиниот сектор, општините од источниот регион, универзитетот, информативните центри во Штип се информираа за стартот на ИПА програмата за прекугранична соработка 2014-2020.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јануари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна и во однос на јануари 2013.
Можност за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење, предвидуваат измените и дополнувањата на Одлуката за менувачки работи што ги усвои Советот на Народната банка на Македонија.
Рудникот за олово и цинк Саса од Македонска Каменица денеска доби А интегрирана еколошпка дозвола. Дозволата ја врачи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми,
Очекувањата се дека Македонија ќе ја заврши 2014 година со 350 милиони евра странски инвестиции. Ваквото зголемување во однос на лани, се должи на поголемиот интерес кај вложувачите поради добрата бизнис-клима
Техномаркет го посветува месец март на подигање на свеста за аутизмот и за поддршка на лицата со ова нарушување.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2013 изнесува 31.498 денари. Во декември 2013 година, 1,8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 100.1.
И покрај негативните трендови, Македонски Телеком останува силен лидер на пазарот со 69,0% удел во сегментот на фиксна телефонија и 52,5% во широкопојасен интернет. Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со удел од 47,5% (интерна проценка) и 1,2 милиони корисници.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека до 30 април се продолжува рокот за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година
Во вториот квартал од оваа година македонските компании ќе може да ги користат услугите на најсовремените лаборатории што веќе функционираат во рамки на високообразовните институции и научноистражувачките центри.
Охридската туристичка понуда ќе биде претставена на 36-тиот по ред Меѓународен саем за туризам што од денеска до 2 март ќе се одржува во Белград.
Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица по повеќе основи. За мерката полјоделски култури исплатени се 71,9 милиони денари на 2.853 полјоделци.
Порше Македонија вчера и официјално за автомобилот Шкода Октавиа го доби признанието Автомобил на годината. Наградата ја примија генералниот Директор на Порше Македонија Златко Муцунски и бренд менаџерот за Шкода, Миле Станчев.
Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings во 2014 година повторно го потврди кредитниот рејтинг од ББ+ на ПроКредит Банка Македонија и ја зголеми оценката за индивидуалната кредитна способност на Банката од b на b+.
Согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување на НАССР системот во угостителските објекти, претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Гостивар
Мобилниот оператор Вип вчера ги објави деловните резултати за 2013 година, според кои компанијата остварила раст на приходите и добивката, а успеала да го зголеми и пазарниот удел, во услови на стагнација на пазарот во Македонија.
Во компанијата Мак Млин во Чешиново денеска е пуштена во употреба лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното, прва од ваков вид во Источна Македонија.
Управата за јавни приходи воведува нова услуга за граѓаните Е-промена на адресните податоци. Со неа на граѓаните им се нуди можност бесплатно да извршат промена на адресата, телефонскиот број или е-поштата во регистарот на даночни обврзници.
Во Управата за јавни приходи до вчера се поднесени вкупно 40.000 годишни даночни пријави, изјави денеска директорот на УЈП, Горан Трајковски.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на АД Фустеларко Борец заштитно друштво Битола му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда.