Студентската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии ја потврди титулата Балкански шампиони со победата на деветиот натпревар Хардвер и софтвер, кој се одржа во рамки на меѓународната конференција Енергетска електроника и Индустриска електроника.
Акционерското друштво Македонијатурист во изминатите девет месеци работеше со вкупна сеопфатна добивка од 102.429.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Нафтената компанија Макпетрол, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна загуба од 129.555.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Теал од Тетово оствари вкупна сеопфатна загуба од 9.754.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година.
Компанијата Скопски пазар во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 41.415.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Понудата за преземање на акции од Друштвото за производство и трговија Пелистерка АД Скопје што ја даде Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт Скопје се утврди за успешна.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари септември 2015 година, изнесува 1.213.548.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во трговскиот центар Рамстор во Скопје, отворен е првиот ресторан со брза услуга Goody’s Burger House, што ќе функционира според новиот концепт на познатиот синџир Goody’s.
Акционерското друштво Македонски Телеком, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка од 964.842.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, останаа на исто ниво, покажуваа податоците на Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Александар, Ана, Димитар и Елена од серијата Ден на Ангел.
Акционерското друштво Витаминка од Прилеп во билансот на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 88.649.000 денари за период од први јануари до 30-ти септември оваа година.
Почесен говорник на Самитот ќе биде бившиот премиер на Грузија Ника Гилаури, кој ќе зборува за трансформацијата на Грузија во една од најбрзо растечките европски економии и за реформите кои ги спровел неговиот тим.
Презентација за оваа програма ќе се одржи на 6 ноември 2015 (петок) од 12.00 часот во просториите на ЦЕЕД Македонија (Загребска 28б – 2/1) и е отворена за сите заинтересирани.
Со учество на млади претприемачи со 40 интересни бизнис идеи, започна реализацијата на Програмата што ја спроведува CEED Македонија, со целосна финансиска поддршка од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.
Отсега, сите корисници на оваа апликација ќе може да бидат во тек со подготовките, во живо да ги следат интервјуата со говорниците и да добиваат важни информации поврзани со настанот.
Борден изјавил дека со задоволство ќе ја разгледа можноста во 2016 година да дојде во Македонија и во неговото телевизиско шоу за патување и храна на CNN – Anthony Bourdain: Parts Unknown, да ја претстави нашата земја.
Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ), во соработка со Народната банка на Република Македонија (НБРМ), изготви брошура за ризиците при земањето станбени кредити.
Компанијата ја претстави целата палета од своите производи и го привлече интересот на посетителите од секторот, вклучувајќи производители, трговци и сопственици на малопродажни ланци како и граѓани.
Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.
Ова ќе бидат првите сомелиери во Македонија кои ќе треба да придонесат за развојот на винската култура, но и за соодветно претставување на виното пред потрошувачите.
Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија денеска во Софија потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за јавен надзор над овластените ревизори на Бугарија.
Комерцијална банка го започнува проектот за едукација на ученици од економските училишта насловен Практично учење за повеќе знаење.
Еуролинк осигурување додели 29 стипендии на перспективни млади луѓе, 18 за додипломски и 11 за постдипломски студии на Правниот факултет Јустинијан Први– Скопје, во вкупна вредност од 1.100.000 денари.