Од првиот ден на тргување до денес, односно во периодот 28.03.1996 година - 31.08.2015 година, на Берзата е остварен вкупен промет по сите основи од над 3,3 милијарди евра.
Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 11,7%, додека бројот на ноќевања е зголемен за 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На крајот на работилницата, директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на Република Македонија ја нагласија важната улога на адвокатите и ги охрабрија да ја преземат водечката улога во развојот на интерактивна, практична наставна програма базирана на вештини.
Постои висок степен на стабилност на осигурителниот сектор што претставува гаранција дека друштвата за осигурување имаат доволни финансиски средства да ги сервисираат преземените обврски во делот на исплата на штети.
Македонската берза денеска одбележува 20 години од одржувањето на основачкото собрание на акцинери на Берзата.
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Стапката на невработеност, во второто тримесечје од оваа година, изнесува 26,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бонитетот на една фирма претставува оценка за настапување на несолвентност (долгорочна неликвидност) на компанијата во иднина.
Во организација на Скопскиот маратон, Град Скопје и Сојуз на Спортови Скопје, трката ќе трае до 10.00 часот, а патеката на трчање е иста како за трката на 5км на Виз Ер Скопски Маратон 2015 (ул. Димитрие Чуповски, бул. Климент Охридски, бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, ул. Теодосиј Гологанов).
На вкупно 1.791 сточар денеска им беа исплатени субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари.
Во овој период од двата аеродроми во Република Македонија – аеродромот Александар Велики во Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, превезени се вкупно 1.021.713 патници.
Операторите на храна од 13-ти ноември ќе треба да се придржуваат кон новиот правилник, којшто налага строги одредби за означување на прехранбените производи.
Во јули се издадени 359 одобренија за градење, што претставува зголемување од 71,8% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Нови 18 кандидати за помирувачи и арбитри за мирно решавање на работните спорови ќе се стекнат со неопходното знаење и вештини за менаџирање на конфликти и решавање спорови.
Коппер Инвестментс АД Скопје доби одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, соопшти Комисијата за хартии од вредност.
Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015 оваа година ќе се претстави со голема есенска саемска манифестација, којашто овој пат ќе се одржи од први до четврти октомври, на Скопски саем.
Настанот го отвори Валентина Дисоска, Претседателка на Здружението на бизнис жени и Габриела Костовска Богоеска, Извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.
Присутните претприемачи од овој регион разменија мислења и искуства за стратегијата на своите компании во однос на промената на глобалната економска ситуација во изминатите години, кога за прв пат се соочиле со потребата од бизнис план и бизнис стратегија...
Seavus едукативниот и развоен центар го најавува вториот по ред Challenge Day - натпревар за откривање на најперспективните инженери, програмери и дизајнери.
ПроКредит Банка е првата банка во Македонија која работи 24 часа, 7 дена во неделата. Банката воведе нов западновропски концепт на работење - Зона 24/7, која е составен дел од секоја филијала на банката.
Традиционална сезонска распродажба End of Summer Sale ќе има овој викенд на производите од Coincasa и @Home со цени што ќе започнуваат од 99 денари.
Компанијата се занимава со дигитално печатење. Фабриката се наоѓа во Технолошко – индустриската развојна зона Бунарџик.
Металуршката компанија Макстил првото полугодие од оваа година го заокружи со добивка од 1.718.054 денари, покажува Извештајот за работењето објавен на Македонска берза.
Кованите пари за колекционерски цели Владимир, Наталија и Олга од серијата Ден на Ангел се издадени и пуштени во оптек, соопшти Народна банка на Македонија.











