ССМ започнува кампања против работа на црно

25

Сојузот на синдикати на Македонија со пакет активни мерки започнува кампања против непријавената работа, пишува Миа.

Кампањата ќе се спроведува во следниот период, а ќе содржи низа мерки почнувајќи од обуки за невработените до активности со кои ќе се укаже што треба да се преземе за заштита на вработените од работата на црно.

“Анализите од досегашните испитувања покажаа дека околу 22,5% се провоцираат мерки кои укажуваат на неформална економија во Македонија“, рече претседателот на ССМ, Живко Митревски..

Во Европската унија, како што посочи Митревски, овој процент се движи некаде од 19 до 22.

Спроведените истражувања покажуваат дека најмногу работата на црно има во земјоделството, градежништвото, транспортот, хотелиерството, трговијата и услугите. Најпогодени од оваа работа се лицата на возраст од 15 до 30 години, а опфатени се и студентите и пензионерите. Работата на црно е особено присутна во сезонската работа.