Зголемен бројот на работници во индустријата во септември

12

Бројот на работници во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 2,8%, а пораст бележи во секторот Преработувачка индустрија од 1,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5% и Капитални производи за 16,8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8% и Енергија за 1,7%.

Бројот на работниците во индустријата, во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на периодот јануари – септември 2014 година, е зголемен за 1,7%.