Македонијатурист прокнижи добивка од 102,4 милиони денари

27

makedonija-turist-580x162

Акционерското друштво Македонијатурист во изминатите девет месеци работеше со вкупна сеопфатна добивка од 102.429.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 117.869.000 денари.

“Со работењето во деветте месеци од 2015 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од другите споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 114 милиони денари, која е за 4% помала во однос на истиот период лани. Нето добивката 102,42 милиони денари е за 13% помала во однос на истиот период лани, како резултат на бавното заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничените услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое има последици по севкупното работење и во нашата економија“, се вели во Коментарот на билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период во 2015 година достигнаа 266.679.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 268.143.000 денари.