Концесијата за експлоатација на јаглен во атарите на село Панчарево - Пехчевско и село Sвегор - Делчевско му е доделена на Акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси.
Развојот на економијата и намалување на невработеноста преку привлекување странски инвестиции кои ќе значат нови работни места е главниот предизвик на Владата во што исклучително значење има активното учество и на македонската дијаспора.
Новиот изглед, лесната навигација и локалните содржини дозволуваат корисниците да добијат брза информација за портфолиото на услугите, како и информации за новитетите на Kuehne + Nagel Македонија.
Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во евтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во евтина тарифа.
Министерството за финансии соопшти дека исплатило 116,5 милиони денари, односно 1,89 милиони евра субвенции на 6.112 сточари за одгледување говеда.
Според прогнозата што ја претстави комесарот за економски прашања и монетарна политика, Оли Рен, Македонија лани остварила раст од 3,2% на бруто-домашниот производ (БДП), што е идентично со Литванија, додека само Романија имала поголем раст, односно 3,5%.
Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј денеска од 10 часот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) организира обука на тема Како да се успее во кариерата, како до успешен бизнис?
Зголемен е бројот на работниците кои во 2013 година се обратиле до Сојузот на синдикати на Македонија и побарале заштита на работничките права.
Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават часови, што е за 1,3% повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Граѓаните ќе може да регистрираат национален домен.mk електронски од кој било компјутер, со добивање на услугата од осум компании-регистрари.
Водостопанското претпријатие Водостопанство Тиквеш од Кавадарци започна да склучува договори за снабдување со вода за наводнување за 2014 година
Друштвото за производство, трговија и услуги Жито од Велес претстави дел од своите земјоделски производи на саемот за бизнис со свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика што се одржа во Берлин, Германија.
Во следниве неколку дена во Македонија доаѓаат првите 15 странски експерти, практичари кои ќе работат во компаниите кои се пријавија на јавниот повик за Проектот за ангажирање странски експерти за потребите на домашните компании.
Групацијата Seavus организира бесплатнa обука во своите простории, за програмскиот јазик Јаva, која ќе се одржи во период од март до мај 2014 година.
Откупени се 27,5 милиони килограми тутун или преку 80% од договорените 32 милиона килограми. Просечната цена достигна 154,65 денари за килограм.
Со сеење на 230 хектари со сточна храна и хидрогеолошки истражувања почна втората фаза во проектот Млекарница Сахара во Македонија.
Пет пункта опфатени со пилот проектот Рурален доктор се поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Проектот Рурален доктор официјално почнува од 1 март оваа година.
Инсталирањето на овој систем е дел од исполнувањата на обврските од Оперативниот план за добивање на А-интегрирана дозвола на оваа инсталација.
Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија ќе се залага за делумно расчистување на имотно-правните односи пред објавување на тендер или барем пред потпишување концесиски договор за изградба на мали хидроелектрични централи.
Министерството за финансии исплати 146,6 милиони денари субвенции на 4.837 земјоделци за одржување површини со овошни насади.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71.290.
Малопродажните цени на бензините од полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на дизелот се намалуваат за 0,5 денари.
Третото извлекување од наградната игра Фискална во рака - награди без мака на Државната лотарија на Македонија ќе се одржи вечерва на Македонската радио телевизија.
Меѓу темите за кои ќе се дискутира на конференцијата се диверзификација на енергија во Западен Балкан, улогата на новите извори и патишта за снабдување, инфраструктура во услови на рестриктивен буџет и улогата на приватниот сектор