Балкан Енерџи Груп предлага за намалување на загадувањето во Скопје надлежните институции да донесат мерки во насока на приклучување кон системот на централно греење на јавните, деловните и приватните субјекти кои имаат приклучок или достапност до топловодната мрежа.
Сите што извршуваат земјоделска дејност, а во 2013 година не оствариле приход поголем од 1,3 милиони денари, ќе можат паушално да го плаќаат данокот на доход. Аплицирањето е до 31 декември.
Од денеска, па се до 21 декември ослободени од работа се бремените жени и лицата над 60 години во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион поради загадувањето на воздухот кое деновиве е над дозволеното.
Сојузот на стопански комори на Македонија, организира бизнис форум во склоп на тридневната посета на Корча, Албанија
Во Македонија засега не се пронајдени фалсификувани лекови, соопшти денеска директорката на Бирото за лекови, Катерина Алексоска.
Според занаетчиите, грантовите кои се доделуваат минатата и оваа година се мали, бидејќи развојот на нов бизнис, освен знаење, бара и финансиски средства.
Според објавените податоци на Државниот завод на статистика, бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица. Во однос на претходниот месец бележи намалување од 0,1 %, кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969.
Државниот завод за статистика објави денеска дека во трговијата на мало, во октомври годинава, споредбено со октомври минатата година, е евидентиран пораст на прометот во групата трговија на мало со автомобилски горива.
Во категорија супемаркет, најдобар е Тинекс, потоа Тедико Супер, па Нова Маркет. Од салоните за мебел и канцелариска опрема првото место и припадна на Леснина Ми, второто на Мебел Ви, а третото на Акрон Скопје.
Од утре, па се до 29 декември ќе трае проектот Отворени врати за граѓаните на Централниот регистар на Република Македонија. Отворањето на вратите ќе биде во Куманово, а додека пак затворањето на 29-ти во Штип и Кочани.
Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ, во 2014 година во Штип е предвидено да бидат огласени за продажба над 80 градежни парцели.
Винарската визба Тиквеш на консументите од денеска им овозможи апликација преку која можат полесно да го направат најдобриот избор на вино.
Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), најмногу пари во ноември се трошеле за храна и пијалоци, односно 42% или 13.500 денари, а најмалку за одржување на здравјето, односо 650 денари или 2,02 %.
Планираната акција ќе се спроведува во регустрационите канцеларии на Централниот регистар низ цела Македонија, а има за цел да даде одговор на сите тековни отворени прашања на граѓаните, како и да им ги доближи новите проекти на оваа институција.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и ЈЗУ Центарот за јавно здравство-Битола, во општина Новаци одржаа јавна едукативна трибина на тема Користење на пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделското производство.
Предавањата се отворени и наменети за пошироката јавност, малите и средните претпијатија, како и локалните институции во Југозападниот плански регион.
На 170 лекови им се намалува доплатата, од нив на 110 им се намалува и партиципацијата, а 21 лек (15 нови терапии) првпат на осигурениците ќе им бидат достапни без доплата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 110.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5,6%, а кај аутпутот е зголемен за 1,2%.
Министерството за транспорт и врски распиша објави за отуѓување државно градежно неизградено земјиште со електронско јавно наддавање за изградба на винарски визби.
Малопродажната цена на нафетните деривати од полноќ поевтинува за 0,24%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Сите 222 квалификувани потрошувачи кои ќе бидат вклучени во либерализацијата на пазарот за електрична енергија се подговени за нејзиното започнување, кое се очекува да биде на 1 април 2014 година.
Станува збор за набавка на трактори за примарно производство, како и опрема за преработка. Корисници на поддршката се сите физички и правни лица запишани во регистарот на земјоделските стопанства.
Рудникот Бучим ја имаше една од најуспешните години од неговото формирање од 1979 година, што се должи на успешно реализираното производство и релативно намалените трошоци, информираше Николајчо Николов, заменик-генерален директор на рудникот за бакар.