Усвоените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, со кои се намалуваат казните за компаниите, ќе ги подобрат условите за работа, оцени ССК.
Компанијата Интепромет од Тетово во првото полугодие од оваа година прикажа добивка од 17.166.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.
На вкупно 1.550 земјоделци денеска им беа исплатени субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари.
Акционерското друштво за производство на конфекциски производи Мода од Свети Николе прикажа вкупна сеопфатна загуба од 26.137.000 денари во првото полугодие од 2015 година.
Адреналинскиот спортски настан, Цевитана Bubble Football ги одржа првите натпревари во Струмица и Дојран од 15-ти до 19-ти јули.
Производителот на мебел Мебел-Ви од Виница прославува 18 години од своето постоење на македонскиот пазар.
Акционерското друштво Скопски пазар во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 19.199.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех.
За да не се грижите дали нешто ќе заборавите, направете список за сè што ви е потребно за летниот одмор и сè што треба да завршите пред да отидете.
Младинско учество е темата за конкурсот за разгледници на Y-PEER Македонија за кој младите до 29 години треба да земат учество најдоцна до 05 август.
OVERMAX не е дизајниран да биде употребен само во кујната. Може да се употреби секаде каде неоспорната функционалност, минималистичкиот дизајн, паметната технологија и баланс имаат огромна вредност.
Кон крајот на овој месец ќе биде објавен уште еден јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година.
Бремените жени и хронично болните лица на возраст од над 60 години, од денеска до 28-ми јули, се ослободени од работните обврски, согласно препораките на државните институции.
Извлечени се првите добитници од наградната игра e – commerce на Стопанска банка.
Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој.
Сите ОНЕ постпејд корисници, ќе може да ги користат придобивките на двата нови роаминг пакети за разговори во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Сертификатот, како што се наведува, е доделен согласно одлуката на стручен совет составен од претставници на маркетинг индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора на РМ и сопственици на препознатливи и докажани брендови.
Поред одлуката, загубата на компанијата во вредност од 499.657 денари останува непокриена.
На седницата одржана денеска со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска донесено е Решение со кое понудата за преземање на акциите издадени од Жито Караорман АД Кичево дадена од страна на Сретен Миладиноски се утврдува како успешна.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2015 година е за 1,7 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2014 година е зголемен за 6,6 процентни поени.
Единствено овој викенд, ќе се случува голем Аутлет хепенинг со Sport Vision. Се најавува голема распродажба на летните колекции со попусти од 30% проследена со ниски цени, забава, музика и многу награди.
Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата која отсега ќе има сосем нов современ дизајн и овозможува мултимедијално искуство за корисниците.
Капитално финансираното пензиско осигурување оствари значително побрз раст во однос на банкарскиот систем и осигурителниот сектор.
Приходите во Македонија, вклучувајќи го и Близу, изнесуваа 32,0 милиони евра во првата половина од 2015, додека во истиот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) достигна 7,2 милиони евра.