Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај оваа година се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ова се нашите предлози како да бидете фит ова лето:
Македонски извршни директори, менаџери и претставници на бизнис секторот, предводени од Македонија 2025, остварија работни посети во околу 15 канадски компании.
Во Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе бидат презентирани состојбите од првата инспекциска контрола, којашто ја спроведува стручен тим на Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор.
Ликвидноста на домашните банки под влијание на автономните фактори во јуни забележа умерен раст, наспроти претходните три месеци кога автономните фактори влијаеја врз намалување на ликвидните средства во банкарскиот систем.
НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Пробиштип, на улица Јордан Стојанов бр.2 (до хотелот Сан Нико). Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти.
Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На вкупно 6.446 сточари им се исплатени 120.079.652 денари субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко.
Индексот на цените во земјоделството во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5,9%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 2%.
Во ХЕЦ Шпилје во првата половина од оваа година се произведени 187 милиони киловат часови, што е 20% повеќе во однос на тој период минатата година.
Американската компанија Key Safety Systems (КСС) денеска организира свеченост по повод реализацијата на инвестицискиот проект во изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево во село Србјани.
Граѓаните ќе можат еден билет да користат возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП.
Макпетрол АД Скопје ја заокружува својата понуда со воведување на новото годиво од фамилијата Ultra, Ultra LPG plus и со воведување на ВЕРНА Loyalty програмата.
Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи се договорија регресот за годишен одмор или т.н. К - 15 повеќе да не биде задолжителен.
Тимовите од пет натпреварувачи ќе играат според регуларните правила за мал фудбал, координирани од судија, со таа разлика што на себе ќе носат бабл топки.
Бројот на туристи во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,4%, а бројот на ноќевања е намален за 0,1%.
Винарската визба Тиквеш е еден од ексклузивните спонзори на годинешното јубилејно 55-то издание на Охридско лето.
Цените на Еуросупер БС - 95 и Еуросупер БС - 98 се зголемуваат за половина денар, па ќе се продаваат по 71,50, односно 73,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 денари за литар.
Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат и уживаат додека се на градската плажа во Дојран.
Инспирирајте се за промени и подгответе се за долго и успешно лето со одличните мотивациони и едукативни совети кои се дел од Tip of the Week® Прирачниците за личен и за професионален развој.
На листата се најдоа имиња на физички и правни лица, кои имаат неплатени долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Халкбанк А.Д. Скопје потпиша договор на износ од 10 милиони евра со ЕБОР за Програмата за олеснување на трговијата (Trade Facilitation Programme - TFP) преку поддршка на македонските извозно ориентирани компании.
Бројот на членови во вториот столб во текот на 2014 година се зголеми за 6,6% во однос на 2013 година и изнесува 373.000 членови, што е 70% од вкупниот број на осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Прометот на Македонска берза во период од јануари до јуни оваа година е на ниво од 1.280.329.381 денари, што е пад од 44,19% во однос на истиот период лани.