Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 13,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
ТАВ Македонија најавува дека од вторник на аеродромот Александар Велики во Скопје ќе воведе автоматизирано плаќање паркинг и цените ќе останат исти.
Цените во земјоделството во април оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е намален за 6,1%, а кај аутпутот е зголемен за 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.
Компанијата Фершпед прикажа добивка од 6.845.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Според оваа предлог одлука, од нето добивката во износ од 29.193.649 денари, 15% или 4.379.047 денари остануваат како задолжителни резерви, додека остатокот од 24.814.602 денари останува за инвестиции.
Оперативните резултати на ОКТА од првиот квартал на 2015 година се подобрени споредено со истиот период изминатата година, стои во соопштението на компанијата.
Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велосипеди или други вредни подароци.
Стопанска банка АД Скопје во првите три месеци од оваа година евидентираше позитивен финансиски резултат од 604.085.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Винарската визба Попова Кула прикажа загуба од 76.000 денари во првото тримесечје, што е намалување од 400.000 денари во однос на загубата во истиот период лани.
Атрактивно намалување на цени ќе има од 15 до 17 мај на производите на Coincasa и @Home. Декоративните елементи за уредување на домот и ексклузивниот мебел, ќе бидат на попуст до 70%.
На Матка, во сабота 16.05.2015, од 12 до 14 часот, Четко ќе се дружи со децата во рамки на кампањата на Лакалут „Патот до здрави заби“.
Проектот промовира еднакви права за социјална и економска инклузија на лицата со попреченост и цели кон зголемување на видливоста за проблемите на лицата со попреченост кај компаниите и пошироката заедница.
Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во период од 01.01. до 31.03.2015 година, оствари добивка од 153.000 денари.
По повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество (17 мај), Факултетот за електротехника и информациски технологии организира работилница насловена како FutureComNet2015.
Победникот, односно креаторот на најдоброто решение ќе добие паричната награда од 1.500 евра, склучување на договор со компанијата за префрлување на авторските права, а воедно ќе следи и промовирање на истата преку повеќе маркетинг канали.
Попусти ќе бидат овозможени во дел од рестораните што се наоѓаат на третиот кат, во Кампионе кафе, во кугланата доколку сакаат активно да спортуваат во друштво, во игротеката Кидс Парк, во одредени продавници, а ќе има и вкусни подароци во текот на денот.
Тутунски комбинат од Прилеп во првото тримесечје од 2015 година оствари загуба од 94.893.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Како што соопштуваат од Агенцијата, висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15% за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.
Проектот подразбира поставување на систем за летање поврзан со дрвени платформи, како и придружни објекти за опрема.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото тримесечје од оваа година е 2.794.547.000 денари, што е за 46,8% помалку во однос на истиот период лани.
Заклучно со март 2015 година, остварен е позитивен финансиски резултат во износ од 508.000 денари, за разлика од истиот период минатата година, кога резултатот беше негативен и изнесуваше 23,8 милиони денари.
Бројот на прелети над Македонија во првите четири месеци од 2015 година се зголеми за 27,6%, во однос на истиот период лани.
Македонски Телеком и Т – Мобиле крајот на првото тримесечје од оваа година го заокружи со добивка од 303 милиони денари, стои во соопштението на компанијата.











