Народната банка на Република Македонија засега не планира дополнителни мерки за заштита на македонските банки од грчката криза, изјави гувернерот Димитар Богов.
Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, се повисоки за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Корисниците може да аплицираат за “премиум смарт“ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит со фиксна годишна каматна стапка од 5,9% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до мај оваа година, изнесува 775.432.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На самиот настан се реализираше и акцијата Веледарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства.
Прилепска Пиварница деновиве на македонскиот пазар ја лансираше најновата лимена амбалажа на Златен Даб од 0,5 литри.
Паркот на ветерни електрани Богданци лоциран во месноста Ранавец, влезе во редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси.
Винарската визба Тиквеш и господинот Јаневски се единствените добитници на годинешната награда од Македонија.
Кредитниот рејтинг на една држава претставува проценка на способноста и подготвеноста властите во земјата навремено и во целост да го сервисираат долгот.
Технолошки најнапредниот автомобил во класата на спортско корисни возила од Audi, Q7 денеска беше ексклузивно промовиран на највисоката точка во Скопје, врвот на Водно.
Теоретско запознавање и практично искуство со вградливи микрокомпјутерски системи е придобивката за сите слушатели (студенти и средношколци) на Летната школа Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи, која денеска заврши на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Нето добивката во износ од 69.148.027 денари, според одлуката, се распоредува во резерви за инвестиции.
Новата 4G LTE ќе можат да ја користат и корисниците на Вип од Крушево, Неготино, Берово, Виница, Пробиштип, Св. Николе, Ресен, Делчево, Дебар и Радовиш.
Корисниците на картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје, кои патуваат во Грција ќе бидат во можност да ги извршуваат трансакциите на вообичаен начин и да ги користат картичките без ограничувања.
Меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест објавува отворен повик за аплицирање за годинешното петто јубилејно издание на фестивалот, кое ќе се одржи во периодот од 5-ти до 8-ми ноември 2015 во Скопје.
Загубата во висина од 25.287.276 денари, како што се наведува, да се покрие од евентуалните приходи во следните години.
Со реализација на проектот Бајки од Македонија, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине се обидува да даде свој придонес во приближување на македонското народно творештво до најмладите и поголема популаризација и реафирмација на традиционалните вредности.
На настанот се промовираше новиот 16-ти број на Лице в лице, а присутните имаа можност да бидат сведоци на претставување на нов производ – Силни торби направени од реупотребени вреќи користени претходно за гипсени градежни материјали на компанијата Кнауф.
УСАИД учествува со 200.000 долари, а Министерството за земјоделство ќе обезбеди дополнителни 800.000 долари. Со овој гарантен механизам, УСАИД и Министерството споделуваат дел од ризикот на банките и со тоа им овозможуваат почесто и со поголема доверба да ги кредитираат земјоделците.
Жито Лукс ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на лебот наречен Нордик.
Сите граѓани кои патуваат преку граничниот премин Табановце кон земјите каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, ќе ги добијат сите потребни информации за начинот на користење на роамингот.
Утврдената загуба по годишна сметка за 2014 година на Жито Полог, како што се наведува, во износ од 8.621.836 денари, да се покрие од акумулираната добивка на компанијата.
Конференција по повод започнувањето на Твининг проектот Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика
Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој во Македонија денеска ќе потпишат договор за соработка.











