Кнауф, Лице в лице и македонските дизајнери покажаа дека моќта е во здружувањето

28

li1

Дизајнери, актери, уметници, водители, архитекти, музичари, новинари, бизнисмени… пријатели на добрите иницијативи и поддржувачи на позитивните општествени промени. Сите вчера вечер беа собрани на едно место по повод партнерскиот настан на компанијата Кнауф, уличниот магазин Лице в лице и македонските дизајнери. На настанот се промовираше новиот 16-ти број на Лице в лице, а присутните имаа можност да бидат сведоци на претставување на нов производ – Силни торби направени од реупотребени вреќи користени претходно за гипсени градежни материјали на компанијата Кнауф.

Десетте креативци, предводени од дизајнерката Ирина Тошева, а меѓу кои Иван Пе­тру­шев­ски (Флим), Ру­жи­ца Ман­ди­чев­ска (Ру­ки Чу­ки), Го­ран Костов­ски (Инд Ог), Ди­зајн енд бе­рис, Ни­на Си­мов­ска, Омај­гад, Тхе Ми­чо, Ем Еле­фант­ски, Мачка (Мар­јан Ди­миќ) и Драш (Дра­ган Ки­та­нов­ски) ставија свој авторски печат на 20-тина вреќи на Кнауф, кои имаат двојна намена: силни и издржливи, но и производ кој ги засилува ранливите сограѓани.

li2

„Се надевам дека почесто ќе имаме вакви настани, во кои дизајнерската фела се обединува за добра кауза. Заеднички можеме вистински да дадеме придонес“, вели Ирина Тошева.
Средствата собрани од продажбата на уникатните дизајнерски торби се наменети за Центарот за деца од улица.

„Свес­ни сме кол­ку мно­гу зна­чи под­др­шка­та од стра­на на ед­на ком­па­ни­ја ка­ко на­ша­та за да опстојат ва­кви­те ини­ци­ја­ти­ви. Ние, ка­ко оп­штес­тве­но од­го­вор­на ком­па­ни­ја, се­ко­гаш ба­ра­ме на­чин и средс­тва ка­ко ди­рек­но и транс­па­рент­но да при­до­не­се­ме во соз­да­ва­ње и раз­ви­ва­ње по­до­бро општес­тво“, изјавија од компанијата Кнауф.

При­тоа нагласија, пре­ку овој про­ект Кна­уф демонстри­ра спло­те­ност и за­ед­нич­ка со­ра­бо­тка со гра­ѓан­ски­от се­ктор, со на­ме­ра да се на­пра­ват вид­ли­ви по­зи­тив­ни­те про­ме­ни во оп­штес­тво­то.

li3

Извршната директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој Паблик (издавач на  магазинот Лице в лице), Климентина Илијевски, рече дека моќта е во здружувањето и партнерствата кои уличното списание ги гради со повеќе организации, иницијативи, компании со кои што дели исти вредности.
„Парт­нерс­тво­то не е ин­стант ак­ци­ја што за­вр­шу­ва со ед­на за­ед­нич­ка актив­ност, ту­ку тоа ба­ра вложу­ва­ње и по­све­те­ност од две­те стра­ни, по­ста­ву­ва­ње јас­на цел и за­ед­нич­ко дви­же­ње кон неа. Зо­што да се из­ле­зе од зо­на­та на ком­фо­рот? За­ради по­до­бру­ва­ње на кор­по­ра­тив­ни­от углед и креди­би­ли­тет, за­ра­ди уна­пре­ду­ва­ње на раз­во­јот на вра­бо­те­ни­те во ком­па­ни­и­те, за­ради долгорочна­та ста­бил­ност и им­па­ктот што би го има­ле во за­ед­ни­ца­та со ос­тва­ре­но­то парт­нерс­тво“, додаде Илијевски.

li4

Новиот број на единственото улично списание во земјава Лице в лице се фокусира на темата Партнерства и ја разгледува моќта на здружувањето и бенефитот што тоа го носи за заедницата и за општествтото.

Една од глав­ните цели на компанијата Кнауф, ко­ја е ед­на од во­деч­ки­те про­из­во­ди­те­ли на градежни ма­те­ри­ја­ли во Евро­па, е ди­рект­но и отво­ре­но да се вло­жу­ва во оп­штес­тво­то за­ра­ди пома­га­ње, пот­тик­ну­ва­ње и по­до­бру­ва­ње на со­ци­јал­на­та од­го­вор­ност на де­лов­ни­от се­ктор кон заед­ни­ца­та.