ТТК Банка нуди кредити со поволни услови наменети за физички лица

24

ttk banka

Корисниците може да аплицираат за “премиум смарт“ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит со фиксна годишна каматна стапка од 5,9% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, со рок на отплата до 10 години, за износи до 10.000 евра, без жиранти, во зависност од месечните примања и без надомест за одобрување, во промотивен период до 31-ви август.

Банката нуди и “супер“ станбен кредит со фиксна годишна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период со 10% сопствено учество, без трошок за аплицирање, трошок за проценка за првата година и грејс период до 12 месеци. Корисниците, исто така, имаат можност да аплицираат и за станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите пет години до 4,90% годишно, односно 6,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.