Македонија прави одличен напредок во макроекономските показатели, направи многу повеќе од просекот на земјите во Југоисточна Европа, закрепнува подобро отколку земјите во еврозоната, истакна претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.
Република Македонија е рангирана на 67-то место според индексот на корупција во извештајот на Транспаренси интернешенл за 2013 година, што е за две места подобрено во споредба со минатата година.
Во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа во централното подрачје на Неготино, денеска ќе бидат предадени во употреба Канцеларијата за заедничко одделение за енергетска ефикасност на осум општини од Вардарскиот плански регион и Информативниот центар за енергетска ефикасност на овој регион.
Македонското вино Вранец беше претставено во Чешка пред дистрибутерите и увозниците на вино, претставниците на супермаркети, хотели, ресторани и политичари, на Семинарот за македонски вина.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, поднесе предлог-закон за присилна наплата на данокот на имот за физичките лица, без да се наплаќа камата за заостанат долг.
Забавување на кредитирањето и зголемување на проценките на хипотекарните кредити, ќе биде резултатот од најновите измени на Законот за проценка кој во моментов е во изработка во Министерството за правда.
Т-Мобиле Македонија овозможи пристап за своите корисници до 4G мрежа. Во прво време, 4G мрежата ќе биде овозможена во поголемиот дел на Скопје (Центар, Карпош, Аеродром, К. Вода) и Маврово.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари за литар.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во ноември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8, а индексот на трошоците на животот 99,9.
Бинзисмените особено искажале интерес за инвестирање во изградба на станбени згради, производствени капацитети од областа на дрвната индустрија, како и за рециклирање на хартија.
Буџетот за 2014 година ќе изнесува 176,5 милијарди денари, од кои државата очекува да прибере 158,2 милијадри денари. Предвидено е раст на бруто домашниот производ од 3,2%, како и инфлацијатаа да се движи околу 3,3%.
Новите простории се отвораат со цел да им се излезе во пресрет на клиентите на Агенцијата кои живеат на поголема оддалеченост од најблискиот центар за вработување.
Здружението на сточарите од Дебарскиот регион Даши донесе одлука брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин да го носи името Дебарско сирење.
Безжичниот интернет провајдер Sun Wireless, во соработка со општина Центар, на сите граѓани, посетители и туристи им овозможија бесплатен безжичен интернет.
Почна наградната игра Фискална во рака - награда без мака, која ќе трае до крајот на 2014 година. Целта на играта е да се подигне степенот на фискализација и плаќањето данок од сите субјекти во државата.
Новото шише ја најавува и новата глобална кампања на брендот Stay True, Leave an Impression, потенцирајќи дека секој потрошувач на брендот мора да верува на себе си, да остане тоа што е.
Седумдесет и двајца некогашни работници на велешка Порцеланка ќе бидат обештетени со околу 29 милиони денари. Средствата ги обезбеди Владата, а обештетувањето ќе оди преку Агенцијата за вработување.
Во Скопје денес беше формиран Форумот на синдикати на железничките работници од Југоисточна Европа, во кој членуваат синдикалците од Македонија, Романија, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Почнувајќи од денес, телекомуникацискиот оператор ОНЕ нуди пакет со три услуги и бесплатен лаптоп за една претплата.
Престижниот финансиски магазин The Banker ја прогласи НЛБ Тутунска банка за Најдобра банка во Македонија за 2013 година.
Од денес до недела во Маврово ќе се одржи работилница за енергетска ефикасност и промени на енергетскиот пазар, наменета за претставници на медиумите.
Бизнис климата во Македонија е подобра во споредба со условите за инвестирање во Хрватска тврдат странските инвеститори.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) објави дека се воведува методологијата за утврдување на потенцијалната побарувачка за благајнички записи.
Проектната документација и финансиската конструкција за железничката делница Куманово - Бељаковце е целосно подготвена, а градежните работи се очекува да започнат во првиот квартал од следната година.