Севкупен победник и освојувач на златен медал на Slovenian Wine Festival 2013 е црвеното вино Император 2011 на винарската визба Бовин.
Преносната мрежа на електроенергетскиот систем на АД МЕПСО ќе се реконструира и модернизира со помош на заем од Европската банка за обнова и развој од 25 милиони евра.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава, во однос на септември лани, изнесува 101.3, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Почнувајќи од утре, 29 ноември па се до понеделник, 2 декември, во сите продавници на Техномаркет ќе има намалување до 80% на поголемиот дел од производите.
Директорот на МЖ Транспорт АД Скопје, Оливер Деркоски на денешната прес-конференција изјави дека железничкиот сообраќај се одвива без прекини и ќе продолжи да се одвива така и покрај штрајкот на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСММ).
Во рамки на посетата на унгарскиот премиер во Македонија, Стопанската комора во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, ќе организира бизнис форум во Скопје.
На настанот сите инволвирани страни, локалната самоуправа, владините институции, граѓанските организации и медиумите, ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова истражување, како и заклучоците и препораките од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во локалната самоуправа.
Вкупната должина на далекуводот се предвидува да биде 151 км, од кои на македонската страна 95 км и на албанската страна 56 км. Вкупната инвестиција се проценува дека изнесува 68,1 милиони евра и тоа 43,5 милиони за македонската страна и 24,6 за албанската страна.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 106,9.
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми очекува конечно да се најде инвеститор што ќе ја изгради хидроелектраната Чебрен на Црна Река во регионот на Мариово.
Вториот ден од големиот дизајнерски и информатички настан DIGIT го одбележа големиот интерес на студентите за предавањата и креативните работилници од областа на дизајнот.
Стопанските субјекти се подготвени да ја прифатат либерализацијата на енергетскиот пазар и се надеваат дека нема да дојде до ново пролонгирање со оглед дека очекуваат да имаат значителен бенефит од неа, истакна претседателот на Групацијата на производители на енергија од обновливи извори на Стопанската комора на Македонија, Кочо Анѓушев.
Стопанската комора на Македонија предлага пораст на извозот преку интензивно учество на традиционалните пазари, освојување нови, алтернативни и пробив во земјите од ЕУ каде се уште Македонија не е присутна.
Можностите за подобрување на правната рамка и нејзината практична имплементација во сферата на обновливите извори на енергија се тема на првата средба на Форумот на чинители и засегнати страни.
Со цел привлекување на директни странски инвестиции во Република Македонија, владината делегација денес продолжува со бизнис-форум за трговија и инвестиции во Брисел.
Во рамки на проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување, во Центарот за вработување на Град Скопје денес повторно е отворен Работниот клуб.
На денешниот собир на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) беше одлучено утре во седум часот членовите на НСММ при МЖ Транспорт а.д. Скопје да стапат во штрајк.
Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р. Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети.
Во општина Кисела Вода денес беа доделени нови 40 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Oд 29 ноември до 15 декември, Веро-центарот ќе биде ексклузивно место каде потрошувачите ќе можат да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали од целиот свет.
Според премиерот Никола Груевски Самитот во Букурешт е добра прилика за разгледување на можностите за економска соработка и пример за многу држави кои се посветени на реформите.
Македонска владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денес ќе престојува во Лион.
ИТ настанот DIGIT, кој го организира Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, вчера беше свечено отворен.
Група бизнисмени од Египет денес ќе ја посетат Р. Македонија, со цел да воспостават деловни контакти со македонски компании.