Трговскиот центар Скопје Сити Мол и оваа година го организира настанот Late night shopping, којшто ќе се одржи на трети и четврти јули.
Воведените превентивни мерки се со привремен карактер, така што нивната важност е за период од најмногу шест месеци.
Нискобуџетната авиокомпанија Wizzair од утре од аеродромот Александар Велики во Скопје воведува директни авиолинии до европските градови Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен.
Индустриското производство во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Охридска банка го продолжува промотивниот период со намалени каматни стапни за кредити за физички лица до први август оваа година.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во мај оваа година, се повисоки за 0,2% на месечно, а пониски за 4,2% на годишно ниво.
На само неколку дена пред светската премиера на познатиот кинески бренд Huawei, во просториите на Македонски Телеком беше организирана промоција на нивните најнови модели на телефони Huawei P8 и Huawei P8 Lite.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.133.427.000 денари (34,4%).
Четиридневната програма на Летниот саем на книга предвидува до 70% попуст на некои од изданијата, дружење со познати автори и промоции на дела.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во април оваа година, изнесува 21.746 денари, додека во бруто износ е 31.939 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Давателот на услуга во воздухопловна навигација во Македонија М - НАВ се стекна со право да учествува на тендер за обезбедување централизирана услуга на Евроконтрол за примена на програмата за Единствено европско небо.
Компанијата за производство и трговија Пелистерка од Скопје донесе одлука за распределба на добивката остварена во 2014 година.
Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од 29 јуни до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија.
За законски резерви остануваат 107.904,50 денари, додека како нераспределна добивка остануваат 2.158.070,50 денари. Нераспределената добивка од 2.050.166 денари, ќе се распредели за исплата на дивиденда.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе ги презентира мерки што ќе се преземат за производителите на градинарски производи.
Се овозможува и вклучување на небанкарскиот сектор во процесот на снабдување со готовина и поттикнување и создавање конкурентни услови на пазарот за обезбедување готовински услуги.
Со ова се овозможува извршување на безготовински трансакции во руски рубљи на девизниот пазар.
Здравје во твои раце е неколку часовно дружење на сите велосипедисти, рекреативци и сите оние кои имаат желба за спортување и здрав начин на живеење.
Акциите на Трикотажа Пелистер АД Битола ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од 26-ти овој месец.
Компанијата за изработка и производство на мебел Технокооп, преку својот бренд за продажба на сериски мебел OTO Мебел успешно ја заврши донаторска акција и го опреми Дневниот центар за деца со аутизам од Скопје.
“Дел од загубата од работата на Силекс во износ од 355.681.299 денари ќе се покрие со средства на резерви“, стои во одлуката, објавена на Македонска берза.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 81,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Во овој најобемен рекламен проект снимен досега за македонски бренд, учествуваа повеќе од 200 статисти, со неколку продукциски екипи кои снимаа паралелно на повеќе локации.
Меморандумот предвидува механизми за соработка меѓу Царинската управа и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп за борба против нелегалната трговија, меѓу кои се и специфични обуки за царинските службеници и размена на информации за истраги и кривично гонење на прекршителите.