Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на октомври 2012 година.
Дел од проектите кои ќе бидат финансирани во 72 општини преку владината Програма за рурален развој се: изградба на локална патна инфраструктура, мостови, водоводни и канализациски системи, изработка на урбанистички планови, патишта до излетнички места, реконструкција на селски улици.
Од почетокот на годинава македонските цариници во соработка со полицијата спроведоа над 30 акции во кои беа запленети околу 800 килограми наркотички дроги.
Познатите маркетинг портали во регионот, како Marketing365 од Македонија и Marketing mreža од Србија, стартуваа со реализација на проектот Balkan Marketing Network, кој има за цел афирмација на маркетинг и ПР индустријата, вмрежување и деловно поврзување на сите учесници на регионалниот пазар на комуникации.
Kомпанијата за увоз на спортска опрема Arthur’s отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе одржи билатерална средба со претставници на официјалната делегација на Република Хрватска предводена од министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак.
Во општина Илинден денес ќе биде пуштена во употреба првата дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување.
Од почетокот на април наредната година, со авиокомпанијата Визер македонските граѓани ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски.
Македонски претставници од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на Република Македонија присуствуваат на конгресот Automobil Produktion China, што се одржува во Гуангжоу, Кина.
Во Скопје денес ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Премиерот Никола Груевски соопшти дека Владата наскоро ќе објави тендер за издавање под концесија 80 нови локации ширум земјава за изградба на мали хидроелектрани
Универзитетот Американ Колеџ од Скопје и Стопанската комора на Македонија денес организираат бесплатно предавање на тема Иновативен и револуционерен маркетинг.
Премиерот им порача на сите што имаат некаква иновација, да сметаат на поддршка од државниот фонд кој, како што нагласи, е формиран за помош на македонските граѓани и компании.
По една година постоење, реномираната компанија АРТ Мебел го отвори вториот салон во Скопје на улица Првомајска. Со ова љубителите на уникатен и квалитетен мебел и кујни добија уште едно место на кое може да најдат се за уредување на убав и топол дом.
Во пресрет на празниците, Mobile и T- Home на своите корисниците денес им понудија две Новогодишни промоции.
Компанијата Пакомак организира Зелен награден натпревар Green Team, во кој ќе се доделуваат вредни награди.
Во 2014 година Македонија ќе го преземе претседавањето со ЦЕФТА од актуелниот претседавач Босна и Херцеговина.
Против одговорните во рудникот Саса поднесени се една кривична пријава и пет прекршочни пријави од областа безбедност и здравје при работа, а констатирани се и неправилности од областа на работните односи.
Во просториите на ЕУ Инфо центарот денес ќе се одржи завршна церемонија по повод завршувањето на проектот Реформа на македонскиот даночен систем.
Според одредена директива на Европската Унија, вкупно 28% од вкупната потрошена енергија во Македонија, до 2020 година, треба да биде произведена од обновливи извори на енергија.
Со новиот усвоен закон на Владата, со кој за помалку од една година треба да се решат застарените стечајни постапки, ќе бидат опфатени околу 300 стечаи.
Вкупно деведесет и осум компании од различни сектори, се пријавиле за вклучување во владиниот проект за обезбедување странска експертска помош.
Со цел да се добие што поквалитетен превоз за учениците и другите патници, се внесуваат новини во правилата за вршење посебен линиски превоз.
Целта на посетата беше едукативна, со цел на децата уште од мали години да им се објасни улогата и значењето на млекото и млечните производи во нивниот развој.