Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2013 година, во споредба со септември 2013 година, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2013 година, изнесува 3.085.397 илјади долари, а на увозот 4.780.933 илјади долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 се издадени 121 одобрение за градење што е за 54,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во салонот на Порше Македонија деновиве пристигна луксузната лимузина - Bentley Mulsanne. Станува збор за најновата изведба на овој модел од Grand Tourer класата, најверојатно и единствената лимузина од овој тип на Балканот.
Во рамки на проектот Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост, поддржан од ЕУ програмата – Европа за граѓаните, денес во Скопје ќе се одржи Панел дискусијата за влијанието на генетски модифицираната храна (ГМО) врз младите.
Проектот за зајакнување на капацитетите на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги ќе биде презентиран денеска во Скопје.
Неквалификуваната работна сила е еден од предизвиците со кој се соочува текстилната индустрија, но главна пречка и предуслов за растот и развојот на малите и средни претпријатија се изворите на финансирање.
Собранието на Република Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука.
Oд ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизел горивото се намалуваат за два денари по литар.
ЕВН Македонија промовира нова услуга е-пункт со која на корисниците им овозможува да ги плаќаат фактурите за електрична енергија преку интернет со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
Од шести до деветти ноември ќе се одржи третиот Саем на турски извозни производи во организација на Меѓународната саемска организација Меридијен.
Балкан енерџи груп (БЕГ) викендов ја пушти во употреба новата опрема за гасификација на топланата Запад, во вредност од 700.000 евра.
Според најавата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, изградбата на новите автопати на делниците Миладиновци - Штип, во должина од 47 километри и Кичево - Охрид во должина од 56 километри, ќе започне од почетокот на идната година.
Млечната компанијата Лакталис (Lactalis) на македонскиот пазар го лансираше првиот вистински индустриски кајмак – Президент Млад Кајмак.
Почнувајќи од денес сите административни постапки предвидени во Законот за градење ќе се вршат по електронски пат.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со одржување најниски даноци во Европа и добра бизнис клима, Македонија и натаму ќе биде исклучително атрактивна за инвеститорите.
Сите производители и увозници на храна од 1 јануари 2014 година ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.
Според информациите од двете компании, одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донесоа одлуки за одобрување за склучување спогодба за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком.
Во Агенцијата за супервизија на осигурување по повод Денот на осигурувањето денес ќе одржи свеченост, а Националното биро за осигурување ја организира Петтата меѓународна конференција Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски е задоволен со предвремен откуп на тутунот, иако не се откупени сите договорени количини.
Во првото тримесечје од 2013 година, 65,1% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 6,8 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Т-Мобиле Македонија денес објави дека ќе започне со продажба на iPhone 5s, најнапредниот паметен телефон на светот и iPhone 5c, најколоритниот iPhone до сега, почнувајќи од 1 ноември.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, изнесува 101.3.
Министерот економија Ваљон Сарачини посочи дека бројот на туристи во Република Македонија, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се зголемува за 12% секоја година.