Домашни компании од областа на иновациите од утре ќе можат да аплицираат за финансиска помош со кофинансирање преку првата програма на Фондот за иновации и технолошки развој за која се одвоени 600.000 евра.
Компанијата Тетекс од Тетово оствари добивка од 7.668.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, покажува неревидираниот неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Иновативноста во креирањето на оригинални здрави производи според потребите на современиот потрошувач, беа основа на успешната презентацијата на Виталиа на еден од најголемите светски саеми за храна и угостителство Гулфуд 2015 во Дубаи.
Промоција на проектот 100 фарми преку кој 100 земјоделци ќе добијат опрема за менаџирање на фарма со користење на информатичко - комуникациски технологии.
Понудата е достапна за сите постпејд резиденцијални и деловни корисници за склучен договор на 24 месеци во сите продажни места на Вип. Мобилните услуги се целосно обезбедени од страна на Вип, додека фиксната телефонија, интернетот и телевизијата се поддржани од Близу.
Македонија е рангирана на 47-мо место од вкупно 93 земји во светот на Глобалниот талент индекс на конкуреноста на Светската бизнис школа - INSEAD, изработен во партнерство со Светскиот економски форум, Светска банка, Светската организација за интелектуална сопственост и неколку универзитети.
Исполнувањето на обврските од ЦЕФТА Договорот за третманот на јавните набавки е темата на регионалната конференција Прогресивно и ефикасно отворање на пазарот за јавни набавки на земјите - потписнички на ЦЕФТА Договорот.
Македонско - бугарската стопанска комора денеска организира работна средба помеѓу претставници на македонските бизнис асоцијации и Бугарската стопанска комора.
Станува збор за тридневен самит кој ќе се одржи во мај 2016 година и треба да привлече околу 300 европски и светски тур оператори и медиуми.
Охридска банка лансира нова карактеристика достапна за платежните картички: осигурување на картички (Ин-Кардс). Ова претставува уникатна понуда на македонскиот пазар.
Трошоците на живот во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, бележат намалување од 0,8%, додека кај цените на мало има пад од 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 20,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на земјоделството во јануари оваа година, во однос на истиот период претходната година, кај инпутот е намален за 8,3%, а кај аутпутот намалувањето е за 2,2%.
Се верува дека преку овој чин, Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме и ќе донесе здравје, бериќет, богат род, многу грозје и вино.
Раководителите на деловните субјекти оценија дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2014 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2014 година.
Друштвото СЕЕ Линк ДОО Скопје, основано од Бугарската, Македонската и Загрепската берза објави Покана за учество на тендер за набавка на ИТ платформа за пренасочување на налози за тргување.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември 2014 година, се пониски за 2,1% на месечно ниво, а за 2,8% на годишно ниво.
ПроКредит Банка во рамки на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови регионални бизнис можности и партнерства.
Обврската за плаќање на ППИО и ПЗО се однесува за примените (исплатените) надоместоци по договори почнувајќи од 1 јануари 2015 година, без оглед на тоа кога е склучен договорот и/или кога е извршена физичката и/или интелектуална работа врз основа на договор
Во периодот јануари - декември 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6.363.706.000 денари, што е за 27,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2014 година, во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, е зголемено за 8,9%.
Во поглед на посветеноста на компанијата да развие професионалци од висок калибар и да им помогне на младите, амбициозни таленти да ги остварат своите посакувани профили, PMI отвора нови и атрактивни можности за младите таленти во Македонија преку нивната прва Програма за практиканти.
Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и други диви и домашни животни.
Интензивната конкуренција и ниските цени резултираа со намалување на профитот на Вип и намалување на корисничката база до 622.000 корисници.