Трговскиот центар со европски шмек, кој се перцепира како семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол мол прослави една година од своето отворање.
Агенцијата за катастар на недвижности денеска доби сертификат за функционалност на информацискиот систем од Министерството за информатичко општество и администрација.
Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива во отсуство на ценовни притисоци.
Пазарните марки кои го добија престижното Супербренд признание оваа година, уште еднаш докажаа дека квалитетот, препознатливоста, долговечноста и емоционалната поврзаност со потрошувачите ја надоградува вредноста на брендовите.
Реномираната компанија Меркур Трејд за сите купувачи на брендовите од светската компанија Reckitt Benckiser организира наградна игра.
Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари.
Подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно - правни работи при Министерството за финансии заклучно со 15 декември ќе работат секој ден, вклучително и недела, со работно време од 8:30 до 19:00 часот.
Во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустриjалци и бизнисмени од Досемеалти - DÖSİАD на Анталија, денеска во Скопје се одржува македонско - турски бизнис форум.
Фарма е комплет од игри од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години.
Твининг проект - Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во октомври оваа година изнесува 1.104.918.000 денари, што е зголемување за 3,9% во споредба со истиот период минатата година.
Т - Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните.
Прометот во трговијата на големо по производи во 2013 година изнесува 147.241.830.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври оваа година се издадени 241 одобренија за градење, што е за 63,9% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На површина од 1.400 метри квадратни, овој малопродажен салон нуди асортиман од 15.000 најразлични производи за домот.
Министерството за финансии на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43,3 милиони денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот.
Детското Одделение за анестезија, реанимација и интензивно лекување во велешката болница доби нов аспиратор за активна торакална дренажа, што е првата донација од кампањата на Жито Маркети "Навика да добивам повеќе".
Тера Мадре е мрежа лансирана од меѓународната организација Слоу Фуд во 2004 година. Обединува заедници за храна од 160 земји кои ја споделуваат визијата за традиционално производство.
Од ПроКредит Банка најавија дека се во преговори да се овозможи кредитирање на македонските бизниси директно од банката во Германија по поконкурентни услови.
Денови на занаетчиството е заеднички проект што од 2010 година го реализираат занаетчиските комори на Македонија и на германски Кобленц.
Корисниците ќе добиваат услуги кои се засновани на виртуелизирана и скалабилна технологија, со што ќе се овозможи целосна искористеност на потенцијалот на корисничките уреди и мрежните капацитети преку едно непрекинато оптимално искуство.
Се уште невоспоставените директни авиолинии во регионот значително го кочат развојот на туризмот. Од друга страна, состојбата во секторот не може реално да се согледа поради немањето доволно статистички податоци, а тоа, според Стопанската комора на Македонија, е евидентно во сите земји членки на ЦЕФТА.
Трошоците на живот во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, а цените на мало бележат намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Отворањето ќе биде в среда, на 10-ти декември, во 10 часот во просториите на поранешен Family shop, во близина на Собранието.