Новости

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување во наредната година ќе организираат неколку циклуси на тренинзи со цел доедукација на менаџерскиот и медицинскиот кадар во болниците и клиниките низ Републиката.
АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија денес им доделија стипендии на 15 студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии, чиј просек на студирање повисок од 8.
Задолженијата што досега ги имаше главниот економист се пренесени на вицегувернерот за финансиска стабилност и платен промет, освен секторот за информатичка технологија, со кој раководи директорот на секторот.
На монетата ќе биде прикажано саќе создадено од 27 ќелии, во кои се наоѓаат ѕвездички, симболите на земјите членки на Унијата. На овие 27 ќелии им е придадена нова, 28-ма, со која се симболизира завршниот чин на пристапување на Хрватска во ЕУ.
Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денес во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.
Судот донесе одлука дека ЕРТ може да продолжи со емитување на програма се додека не се воспостави нова национална радиотелевизија.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата во април, споредено со истиот период лани, бележи пораст од 7%.
Google работи на технологија која ќе овозможи многу понапредно и подобро блокирање на детска порнографија од резултатите на пребарувањата.
Почнувајќи од денес клиентите на Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка ќе можат да плаќаат преку своите мобилни телефони, благодарение на новата услуга Мобипеј.
Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за избор на најдобри е - продавници.
Државната нафтена компанија на Азербејџан, СОКАР, е во финална фаза од преговорите за преземање на грчката компанија за гас ДЕПА, изјави првиот човек на СОКАР, Ровнаг Абдулајев.
Минатата година во Македонија имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за 1% во однос на 2011 година, стои во Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.
Со реализација на договорот, Меркатор заедно со Агрокор ќе остварува годишни приходи околу седум милијарди евра и ќе вработува преку 60.000 луѓе, со што ќе стане најголема малопродажна компанија во централна и источна Европа.
Унгарскиот авиопревозник Wizz Air планира оваа година да ги излиста своите акции на Лондонската берза. На тој начин компанијата планира да дојде до свеж капитал.
Според бројот на многу богати луѓе во анализата што ја изработи World Ultra Wealth Report (WUWR), Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дното на европската листа, односно од вкупно 45 европски држави, на 42-то место.
Од 80 точки колку што има декретот, најважна е ставката со која повеќе никој нема да може да биде исфрлен од станот затоа што е должен.
Косовската влада донесе одлука камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина да плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, при тоа наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.
Од следната недела на македонскиот пазар компанијата Дукат ќе понуди нов производ - единствено трајно млеко, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата на ЕУ.
Исланд официјално се откажува од Европската унија, изјави министерот за надворешни работи Гунар Браги Свенсон пред ЕК. Тој додаде дека двете партии кои ја сочинуваат новата влада биле за откажување од преговорите со ЕУ, а граѓаните ги поддржале на изборите.
Најголемата стопанска комора на Малезија пред своите членови ги промовираше условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија.
Oпштина Охрид почна да ја подготвува брошурата насловена Инвестирајте во Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој согласно новата програма за 2013 година.
General Motors од следната година ќе започне со монтажа на Opel Corsa во Белорусија. Во првата година ќе бидат произведени 7.000 возила кои ќе бидат наменети за рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар.
Телекомуникацискиот оператор Вип на своите корисниците во пресрет на летните одмори, им понуди две нови поволни опции за разговори во роаминг.