Новости

Во рамки на летната школа на мрежата Решица која започнува денес, 23 студенти последипломци од 11 држави ќе изготвуваат бизнис планови за одржлив развој на туризмот на Охридското Езеро, на тема Социјално претприемништво, социјални иновации, социјални бизнис модели.
Владата на Чиле ја казни најголемата светска компанија за експлоатација на злато, канадската Barrick Gold со 16,4 милиони долари поради излевање на контаминирана вода од нивно наоѓалиште на злато.
Според проценките на македонските претставници на економскиот форум што се одржува деновите во Казахстан, оваа земја може да привлече ангажирање на македонски, во прв ред градежни домашни компании.
Google планира да финансира и воведе безжичен интернет во сиромашните и неразвиени земји во светот и веќе започна разговори со властите на некои африкански и азиски земји со цел реализација на овој проект.
Заедничката компанија АМАНП би ја сочинувале Агрокор, МК група, Атлантик, Нектар, Подравка и компании од Македонија и Црна Гора.
Владата распиша оглас кој ќе трае до 7 јуни за управители на Фондот за иновации и технолошки развој, и тоа директор, членови на Управен одбор и на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот, кој е во формирање.
Според објавените показатели на Министерството за финансии, буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари, со тоа што вкупните приходи изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.
Успехот доаѓа кај оној што денес го прави тоа што ти мислиш да го направиш утре.
Македонските сирења и кашкавали произведени во млекарницата Идеал Шипка стануваат дел од понудата на Президент (Président) - една од најпознатите глобални трговски марки и експерт во категоријата сирења, која под своја закрила ги обединува најдобрите автентични сирења од сите делови на светот.
Златен клуч, наградата за најдобар хрватски извозник ја доби компанијата Ериксон Никола Тесла.
Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија АЕК и Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации на Република Косово потпишаа спогодба за прекугранична хармонизација на фреквенции.
Во домот за хуманитарни организации Даре Џамбаз на корисници на социјална парична помош денес ќе им бидат доделени дигитални ресивери со кои ќе можат да ја следат телевизиската програма по укинувањето на аналогниот сигнал.
Во текот на следниот период љубителите на автомобилската понуда на Ford ќе можат да купат нов автомобил со попуст од 20%, кој ќе трае од 25 мај до 4 јуни.
Конзорциум од три компании, две од Црна Гора и една од Србија, ќе градат нов тутунски компинат во Подгорица, во вредност од 9,5 милиони евра.
Надзорниот одбор на најголемата словенечка осигурителна куќа Триглав, според неофицијални информации, го разреши претседателот на Управата Матјаж Раковец или се договориле за негово заминување.
Федерацијата на фармерите на Република Македонија организира посета на 55 земјоделци на саемот за земјоделство во Нови Сад, Србија.
Овој бренд на инстант супи, сосови, кнедли и смеси за подготовка на јадења се најде пред брендот Knorr на Unilever, а третото место го зазема Lay, бренд на компанијата PepsiCo.
Телекомуникацискиот оператор Оne, ја намалува претплата во резидентниот Boom TV сегмент за цели 50% со цел да им помогне на граѓаните во процесот на дигитализација на телевизискиот сигнал во Р. Македонија.
T-Mobile Македонија од денес стартува со нова припејд понуда - COOL. Понудата е наменета за млади, создадена според нивните комуникациски потреби и е најдобрата припејд понуда досега.
Австрискиот амбасадор во Македонија, Томас Михаел Баиер и трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл, во име на фондацијата Energy Globe ја доделија светски познатата награда за проектот Doing more with less is success на македонската компанија Енефект.
Банката ја потврди својата водечка позиција во банкарскиот сектор во Република Македонија како најпрофитабилна и највисококапитализирана банка, со зголемена депозитна база и кредитно портфолио и со високо ниво на квалитет на кредити.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида денес на Македонско-Албанскиот Бизнис и Инвестициски Форум во Тирана ги презентираше инвестициските и извозните потенцијали на Македонија.
Со објавување на огласот за вработување на 1.600 лица во Јавното претпријатие Македонски шуми, започна реализацијата на владиниот проект за вработување лица од социјално ранливи категории во јавниот сектор.
Хрватската компанија Дукат успеа во постапката на преземање на Љубљанске млекарне да добие уште 46,23% од акциите на словенечката млекарница, со што сега во своја сопственост има 4.229.239 акции, односно 96,52% од компанијата.