Новости

Новите 400 kv интерконекции Штип-Ниш и Битола–Елбасан, новата 410/110 трансформаторска станица кај Охрид, инвестициски проекти на Македонскиот електропреносен оператор МЕПСО вредни над 50 милиони евра, се дел од десетгодишниот план за развој на преносната мрежа на европскиот континент TYNDP 2012 одобрен од Европската асоцијација на преносни систем оператори.
Tим од истражувачи од фармацевтската компанија Алкалоид во соработка со две научно-истражувачки лаборатории, за првпат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат, кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица, е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп.
Куба одобри поединечен увоз на апарати за домаќинството како што се клима уреди, ладилници и микробранови печки, со што ја укина забраната од 2005 година поради недостаток на електрична енергија и рестрикции.
Босна и Херцеговина нема да ја добие четвртата рата од кредитот според договорот за стенд-бај аранжманот со ММФ, се додека не стапи на сила законот за пензија на поранешни припадници на воени и полициски сили во Федерацијата БиХ.
Новата домашна гејмерска конзола Xbox One на Microsoft, ќе започне да се продава до крајот на годинава, објави на презентацијата во кампусот на Microsoft во Редмонд, шефот на тимот за развој на Xbox, Дон Матрик.
По осум дена, заврши штрајкот во хрватската национална авиокомпанија Кроација ерлајнс. Од утрово се нормализирани сите летови.
Министерот за економија Ваљон Сарачини идната среда ќе оствари средба со Синдикатот на ОХИС. Тој вчера изјави дека Владата останува на ставот, овој загубар конечно да добие стратегиски партнер и работи на тоа.
Гигантот Apple користи сомнителна мрежа на офшор компании за затајување на данок во вредност од неколку милијарди долари, соопшти комисија на американскиот Сенат.
На Саемот за автомобили во Шангај беше претставена Hibridna Panamera, која ќе биде пуштена во продажба кон крајот на годинава.
Британскиот гигант од областа на мобилна телефонија Vodafone соопшти дека годишниот нето профит паднал за 90% поради големите трошоци во презадолжените земји како што се Италија и Шпанија.
Вицепремиерот Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов констатираа дека финансикиот сектор во Македонија е стабилен и покрај сите нестабилности и несигурности што владеат во светската економија и светските финансиски пазари.
Маса за пинг - понг, велнес и сауна се само некои од активностите во кои секојдневно уживаат вработените во Випнет во технолошкиот центар сместен на загрепски Житњак.
Група поранешни вработени од финска Nокиа, кои дадоа откази поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем MeeGo во корист на Windows, го претставија сопствениот паметен телефон.
Преку 100 милиони профили на Фејсбук се на домашни миленичиња, предмети и страници на брендови. Сепак, Фејсбук ги смета како активни корисници и ги прикажува во своите извештаи.
Новите подобрени услови за штедење што ги воведува ПроКредит Банка вклучуваат зголемени каматните стапки за штедење по видување во денари и можност за достапност на заштедата на банкоматите, преку штедната сметка на дебитната картичка на клиентот.
Американската фармацевтска компанија за производство на генерички лекови Actavis ја купува ирската Warner Chilcott за пет милијарди долари во замена за акции, без плаќање во готово.
Винарската визба Тиквеш за своите врвни македонски вина освои дури 22 награди и високи признанија на двата најпрестижни светски вински натпревари кои се одржуваат во Лондон.
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат од половина до еден денар за литар.
Словенија размислува за можноста да поднесе тужба против бонитетната агенција Moody’s која драстично и го намали кредитниот рејтинг во екот на активностите на владата во издавање на државни обврзници, изјави премиерката Аленка Братушек во разговор за мариборски Вечер.
До крајот на следната година ќе бидат дигитализирани сите видови катастарски планови во Македонија.
Златни медали за Merlot Barrique и Aminta, брозен за Vranec Veritas се наградите кои ги доби Винаријата Стоби на Балканскиот меѓународен вински натпревар за квалитет на вина што се одржа изминатите два дена во Бугарија.
Министерот за економија Ваљон Сарачини испрати апел до бизнисмените да аплицираат за кредитите со субвенционирана камата од Македонската банка за поддршка на развојот.
Ford Fiesta е најдобро продаван мал автомобил во март и во првите три месеци од 2013 година, според најновите податоци од светскиот водечки давател на автомобилски податоци и известувања, JATO Dynamics.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерката 112 Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.