Новости

Осигурителната компанија Триглав Осигурување воведува нов пакет на осигурителни производи на пазарот под името Триглав комплет.
Сите нови постпејд корисници имаат можност да изберат од новите Vip Free + постпејд тарифни модели кои нудат неограничена комуникација, при што најголемата предност е можноста корисниците да уживаат во слободна комуникација без обврски за минимално времетраење на договорот, соопштија денес од Vip.
Компанијата Seavus и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) следниот месец организираат студентска конференција, со цел развивање на што поквалитетни ИТ кадри во Македонија и намалување на едукативниот јаз меѓу барањата на бизнисот и академијата.
Националната авиокомпанија на Обединетите арапски емирати Етихад ервејс, на 15 јуни ќе воведе редовни дневни летови меѓу Абу Даби и Белград, што е прв чекор во развојот на партнерството меѓу Етихад и српски ЈАТ, најавија челниците на овие компании.
Германскиот енергетски концерн RWE го продаде својот дел во конзорциумот за изградба на гасоводот Набуко на австриската нафтена компанија OMV.
Иван Петровски е назначен за нов претседател на Управниот одбор на Фершпед. Долгодишниот вработен во компанијата доаѓа на ова место, откако на крајот на март челната позиција ја напушти Штерјо Наков.
Меѓународен конзорциум во петокот понудил 227 милиони евра за контролниот удел од 75% во косовското државно телекомуникациско претпријатие ПТК, што е втор обид на владата во Приштина да ја продаде најпрофитабилната фирма во земјата.
Компаниите за сувомеснати и млечни производи и дистрибуција од Македонија и Турција, Пекабеско и Балканска млекара потпишаа долгорочен договор за соработка.
Хрватската влада во Брисел купи зграда од 4.078 метри квадратни и 68 паркинг места за потребите на своите претставништва при институциите на Европската унија. Цената изнесува 11,5 милиони евра.
Најновите измени во Програмата што изминатиов период земјоделците имаа можност да ги слушнат од надлежните, се очекува со секој следен повик да повлечеат по околу 1000 апликации за ИПАРД средствата.
Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец, поради откривање доверливи податоци би можел да се најде на удар на Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност.
Годинава Владата ќе издвои 4,5 милиони евра од буџетот за инфраструктурни проекти во општините, а посебен акцент ќе биде ставен на руралните средини.
Најголемата европска компанија за рециклирање на гуми Инова Технологии (Innova Technologies) ќе инвестира во Македонија во Индустриската зона во Тетово. Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање на гуми.
Руската влада размислува да продаде 19% од уделот во државната нафтена компанија Роснефт во рамките на планот за забрзана приватизација на одделни државни претпријатија, изјави министерот за економија Андреј Белоусов.
Корисниците на T-Mobile, сега можат да го добијат BlackBerry Z10 во комбинација со интернет тарифа или интернет пакет по нивен избор, а моменталната понуда не вклучува дополнителни трошоци или потреба од користење на BlackBerry услуга.
Продажбата на 79,24% удел во мариборскиот весник Вечер, кој го продава друштвото Дело, пропадна затоа што купувачот не успеа да собере доволно средства. Неофицијално, купувач е претпријатието Медичи од Хамбург.
Гери Ковакс, главниот и извршен директор на Мозила, компанија која е најпозната по интернет пребарувачот Firefox, се повлекува од функцијата. Ковакс, кој е на чело на Мозила од 2010 година, ќе остане во управата на компанијата.
Од агенцијата продолжија да работат на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените.
Најпрометниот и најдинамичниот аеродромот во Турција, Ататурк аеродромот во Истанбул доби меѓународно признание и беше прогласен за најдобар аеродром во јужна Европа по втор пат.
T-Mobile воведе нови Play тарифи кои овозможуваат неограничена мобилна комуникација и Max TV на мобилен телефон, како и нови Smart тарифи за поволни разговори.
Отсега работодавачите не мораат да одат до подрачната единица на Државниот инспекторат за труд и да доставуваат писмена пријава за прекувремена, ноќна и работа на празници. Сето тоа сега ќе се извршува по електронски пат.
Стапката на невработеност во Грција во јануари годинава достигна 27,2%, објави агенцијата за статистика на Европската унија, Евростат. Во декември невработеноста била на ниво од 26,4%, па така во јануари е достигнат нов историски максимум на бројот невработени.
Бројка од 3,39 милиони автомобили од јапонските марки Тојота, Нисан, Хонда и Мазда се повлекуваат од продажба поради потенцијално неисправно воздушно перниче.
На саемот на вино Винарија, во бугарскиот град Пловдив, беа претставени вината од винаријата Стоби, која беше и единствениот претставник од Македонија.