Новости

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов во пишана изјава за медиумите потенцира дека информациите коишто се шират во некои градови низ Македонија, како и на социјалните мрежи за НЛБ Тутунска банка се потполно неточни.
Согласно ревидираните финансиски резултати за деловната 2012 година, осигурителната компанија Еуролинк Осигурување oствари раст на добивката од 141% во однос на минатата година.
Со влегувањето на Хрватска во Европската унија, на полиците во продавниците веќе нема да смеат да стојат класични сијалици, а во историја заминуваат и топломерите со жива.
Стотици милиони евра се повлечени од кипарските банки преку нивните филијали во Лондон и Москва, во периодот кога жителите на Кипар не можеа да повлечат од банкоматите повеќе од 100 евра на ден.
Wizz Air најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа обезбеди нова директна авио-линија од скопскиот аеродром, Скопје – Гетеборг.
Лидерите на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) постигнаа договор за основање развојна банка која ќе им биде конкуренција на западните институции.
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Виктор Мизо и претставници на Дирекцијата учествуваат на вториот Глобален саем и самит за слободни економски зони што се одржува во Куала Лумпур, Малезија.
Револуционерните интерактивни Google Glass се уште не се појавиле на пазарот, а законодавците веќе сакаат да ги забранат.
За прв пат во Македонија, а втор пат во историјата на NASA, ќе се одржи глобалниот настан Space App Challenge во партнерство со македонската ИT компанија Seavus.
Македонско-Бугарската стопанска комора денес во Скопје ќе одржи годишно собрание.
Продажбата на словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways е во завршна фаза, а најголеми шанси да дојде до договор има со германската компанија Intro Aviation.
Според новите измени за претпристапните средства можат да конкурираат и малите и средните претпријатија, поради што се очекува значително поголема апсорпција на европските фондови.
Штерјо Наков, првиот човек на Фершпед и неговиот заменик Кираца Трајковска, се повлекуваат од раководните места, објави компанијата во информацијата за претстојното акционерско собрание што ќе се одржи на 29 март.
Австриската компанија Ред Бул ја уценуваат непознати лица, кои се закануваат дека со фекални бактерии ќе ги загадат лименките на рафтовите во продавниците, доколку не им биде исплатена одредена сума на пари.
Македонија ги презентираше своите туристички потенцијал на саемот за туризам во Гетеборг, Шведска.
Листата на хрватски Форбс за оваа година се состои од 50 претприемачи кои заедно располагаат со богатство од 1,69 милијарди евра и во однос на лани, кога имаа 1,52 милијарди евра, побогати се за 170 милиони евра.
Турскиот млекопреработувач Суташ го презеде вториот чекор за ширење на Балканот и купи фабрика во Романија, која веројатно ќе ја употреби како регионална база за влез на европскиот пазар.
Porsche Macedonia стартуваше со награден квиз на социјалната мрежа Facebook. Квизот се состои од 20 едукативни прашања и помошни линкови за одговор на истите.
Германските антимонополски власти покренаа истрага против неколку пивари поради наводно договорено местење на цените на пивото.
Од денес на Скопски саем започнува Меѓународниот саем за мебел и ќе трае се до 31 март. Оваа година ќе се претстават 160 изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители.
Кризата во Кипар, по се изгледа е стара вест, новата земја за која треба да се грижиме е Словенија. Ова е заклучокот на весникот Вашингтон пост за новата економска опасност која се наоѓа меѓу Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска.
Раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика оценија дека економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија е поповолна во февруари во однос на јануари годинава, а понеповолна споредено со февруари 2012.
Во следните три години малите и средни претпријатија од Македонија, кои се занимаваат со индустриско производство, ќе бидат таргет на УСАИД проектот за помала потрошувачка на енергија и намалување на емисијата на стакленички гасови.
Владата на Саудиска Арабија се закани дека ќе ги блокира апликациите за праќање пораки, како Skype, WhatsApp и Viber поради неможноста да се контролираат.