Во документот на ММФ со ознака “строго доверливо” стои дека пред три години ја потцениле штетата што ќе и ја нанесат мерките на штедење на грчката економија.
Од 4 до 6 јуни 2013 година во Штутгарт, Германија се одржува годишниот тродневен саем во чии рамки се опфатени пет настани од областа на автомобилската индустрија.
Компанијата Johnson & Johnson повелкува околу 32 милиони пакети со апчињата за контрацепција Cilest во Европа, Азија и Латинска Америка, јави денес Reuters повикувајќи се на портпаролката на компанијата.
Мобилниот оператор Вип го донесе во Македонија најновиот паметен телефон BlackBerry® Q10, паралелно со светската премиера на овој прв паметен телефон.
Преку компонентата гарантен фонд од регионалниот проект Платформа за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан, што денес беше презентиран пред банкарскиот сектор во државата, банките ќе бидат стимулирани да го зголемат кредитирањето на компаниите.
Во Тетово и Гостивар се затворени 17 објекти поради неиздавање фискални сметки и изречена им е парична казна од 3.250 евра во денарска противвредност.
Судот во Љубљана го осуди поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша на две години затвор и парична казна од 37.000 евра поради вмешаност во корупција во случајот Патриа.
Испораката се извршува за само еден ден, функционира во сите градови на Македонија преку партнерите на такси компанијата, а единствениот услов кој треба да го исполни е да не биде потешка од 10 килограми.
Во исто време се повлекува и Пер Лудвигсон (70), директорот на Интер Икеа Холдинг, а на негово место доаѓа најмладиот син на Кампард, Матиас Кампард (44).
Набрзо откако се појави првата порнографска апликација за очилата на Google, компанијата итно ги промени правилата и забрани порнографска содржина.
Во организација на Тускон од Турција, од 18 до 20 јуни 2013 година, во Експо центарот во Истанбул, ќе се одржи најпрестижниот саем за градежништво, градежни материјали, градежни машини и мебел.
Австриската нафтена компанија OMV ја продаде својата филијала во Хрватска на компанијата Кродукс.
Во надворешно-трговската размена Република Македонија во првите четири месеци од годината остварила трговски дефицит од 786,6 милиони американски долари, што е за 73 милиони долари повеќе во споредба со истиот период лани.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека млекопроизводителите до 15 јуни ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2013 година.
Уште една новина од Вип-нова Vip Enjoy летна тарифа, која на сите нови и постојни припејд корисници им нуди разговори за 1 денар/минута кон сите мрежи, како и бесплатен и неограничен интернет со секое надополнување на сметката, соопштија од операторот.
Освен атрактивните цени на своите пакети, сите нови корисници на пакетите со три услуги кои ќе потпишат договор на 24 месеци, ја имаат можноста да добијат WiFi рутер (безжичен уред) на подарок.
Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, се производите кои се произведени во Скопје и се веќе достапни во Македонија. Суташ фабриката во Скопје, со преработувачки капацитет од 70 милиони литри годишно млеко, започна со производство.
Apple веројатно ќе воведе бесплатно интернет радио коешто ќе може да се користи на мобилните уреди и ќе биде поврзано со iTunes, со опција за купување на музички содржини.
Винарската визба Тиквеш се закити со уште две значајни награди на престижен меѓународен вински натпревар, со што го продолжи трендот на меѓународни признанија од почетокот на годината.
Како главна тема на последниот број на Explorer, водечкиот унгарски магазин за туризам и патувања, се најде Македонија, нејзиното културно-историско наследство и потенцијали во туризмот.
По влегувањето во Европската унија, во втората половина од годинава Хрватска ќе има на располагање околу 70 милиони евра од Европскиот социјален фонд кој е главен инструмент за спроведување на стратешката политика на ЕУ во сегментот на вработувањата.
Индексот на трошоците на животот, како клучен показател за движењето на инфлацијата, во мај во Македонија бележи пораст од 3,4% во однос на истиот месец лани.
Според соопштението на ТАВ Македонија бројот на патници кои во мај ги користеле услугите на двата македонски аеродроми е зголемен за 27% споредено со истиот месец лани.
Компанијата Атлантик Група накратко се приклучи на тековната еколошка акција на Пакомак, Радио Бубамара и скопските општини и ги награди со свои производи одделенијата кои биле најуспешни досега во собирањето на пластична амбалажа.