Интензивната конкуренција и ниските цени резултираа со намалување на профитот на Вип и намалување на базата на мобилни претплатници до 616.000 корисници.
На 20 април 1995 година, Унет ја овозможи првата dial - up конекција, со што Македонија за прв пат и формално се вмрежи во “глобалното село“, а овој датум значи почеток на интернет комуникациите во Македонија.
Регионална конференција на тема Борба против корупцијата се одржува денеска и утре во Скопје во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.
Апликацијата е креирана за потребите на професионалците со цел да го идентификуваат типот на бучава и на основа на тоа да ја изберат соодветната изолација.
Од нето добивката во износ од 54.081.736 денари, за дивиденда се одвојуваат 11.700.000 денари, за учество во добивката на вработените и менаџментот отпаѓаат 11.000.000 денари, додека како реинвестирана добивка остануваат 31.381.736 денари.
Тренинг конференцијата е наменета за топ и средниот менаџмент, особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси.
Со овој потег, Хрватска може да стане сериозен регионален играч во секторот на прехранбената индустрија.
Норвешка ќе биде прва земја во светот што целосно ќе го исклучи аналогниот сигнал на сите поголеми радио канали.
Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денеска се пријавени 5.600 учесници, од 42 земји ширум светот.
Во годината во која се одбележуваат 25 години од постоењето на компанијата, која е основач на Институтот за современи композити и роботика, излегуваат првите магистри во земјава од оваа област, подготвени да се носат со новите up - to - date предизвици во глобални рамки.
Суштината на пензискиот систем е да се грижи за законски одвоените финансиски средства на вработените и исплата на пензиите на лицата кои ги исполниле потребните услови за добивање на паричниот надомест.
На 18.04.2015 беше затворен првиот повик за финансирање проекти под инструментот кофинансирани грантови за старт - ап, спин - оф трговски друштва и иновации на Фондот за иновации и технолошки развој.
Kelley Blue Book (KBB), компанија која се занимава со проценка на моторни возила и истражувања во областа на автомобилизмот, направи листа на десетте најдобри зелени автомобили за оваа година.
На дебатата ќе се дискутира за две теми: Претприемништвото и економскиот растеж: Како претприемачите можат да го зголемат националното богатсво? и Успешни претприемачки приказни: Како да се поттикне креативноста?
Во Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии има членови на Европскиот парламент, кои ги поддржуваат кредитните унии во земјите на Европа.
Имотот на претпријатието Алекса Шантиќ од Србија, што го сочинува земјоделско земјиште со придружни објекти, е продадено на јавно наддавање на компанијата Агрисер од Белград, која е во сопственост на Ferrero.
Претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Бизнис центарот на Скопски плански регион денеска ќе дебатираат на тема Енергетска ефикасност во градежништвото - Зелена градба.
На натпреварот можат да учествуваат сите развивачи кои имаат готови М2М решенија, односно, решенија за поврзани машини, кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници.
Лизинг компанијата HETA ги блокираше банкарските сметки на босанско-херцеговската национална авиокомпанија BH Airlines поради неподмирени долгови за наем на авиони.
Спогодбата за присоединување и Анексот на истата ќе бидат предмет на конечна потврда од страна на Собранијата на двете Друштва, коишто треба да го одобрат присоединувањето на Т - Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, со што ТММК ќе престане да постои.
Познатиот ланец на спортска опрема и облека, Sport Vision отвори нова продавница лоцирана во трговскиот центар Рамстор.
Тутунската индустрија годинава бележи намалувања по однос на сите параметри. Склучени се вкупно 34.445 договори за откуп или 19% помалку од лани, насадени се 14.030 хектари тутун или 30% помалку.
Француското Интернационално училиште во Скопје во вторник на 21 април во девет часот ќе ги отвори вратите и ќе ги пречека сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик и се стекнат со квалитетно образование.
Среќниот добитник, освен вечерата со Кук во седиштето на компанијата во Купертино, ќе добие и две VIP влезници за некои од претстојните настани на Apple.











